Започна продажбата на HUAWEI P50 Pro на македонскиот пазар, во комплет со Huawei FreeBuds 4i

Предводникот на култната серија P - Huawei P50 Pro, од денес е достапен за македонските потрошувачи, заедно со слушалките со активно намалување на бучавата - HUAWEI FreeBuds 4i.

„Од самото создавање на серијата P, постојано правиме нови чекори и ги прошируваме границите на мобилната фотографија со секој нов уред. Истото се случува сега со серијата P50. Huawei P50 Pro започнува нова ера во развојот на HUAWEIImageTМ со новата генерација на HUAWEIXDOptics и XDFusionProImageEngine.Со нив потрошувачите ќе прават фотографии кои ги рекреираат вистинските бои со неверојатни детали“, изјави Дерек Ју, претседател на HUAWEI за Централна и Источна Европа, нордиските земји и Канада.

Фотографии на највисоко ниво со HUAWEI P50 Pro

HUAWEI P50 Pro ја продолжува традицијата на првокласно фотографирање на серијата P и го нуди најмоќниот фотографски систем на Huawei досега. Ова му овозможува на секој аматер да креира фотографии на професионално ниво, со квалитет што ја доловува секоја боја, нијанса и детали од реалноста.

Моделот го воведува првиот Dual-MatrixCamera систем со SuperMainCameraMatrix, вклучувајќи RGB камера, монохроматска камера и мултиспектрален сензор. Благодарение на технологиите True-ChromaShot и XDFusionPro, со нов SuperColourFilter систем, True-Chroma Image Engine и Super HDR фотографиите направени со HUAWEI P50 Pro се богати со бои и детали, па дури и при слаба осветленост ја максимизираат сликата што ја гледа човечкото око. Снимањето објекти од далечина исто така веќе не е проблем.HUAWEI P50 Pro има перископска камера, која обезбедува зум до 100x, ултра-широка камера и стабилизација. Благодарение на нив добивате јасни фотографии од мали предмети или предмети кои се далеку. HUAWEI P50 Pro поддржува и HUAWEI XD Optics - систем кој ја коригира оптичката неусогласеност и деталите на сликата.

Перформанси и целокупното чувство на P50 Pro

Серијата P на HUAWEI отсекогаш имала првокласна камера,модерен дизајн и високи перформанси. HUAWEI P50 Pro доаѓа со поголем екран и батерија од 4360 mAh, 66W Wired и 55W WirelessHUAWEISuperCharge, додека самиот уред е тенок и лесен, со исклучителна удобност при држење. Стаклениот 3D заоблен дисплеј поддржува целосна P3 палета на бои и до 1,07 милијарди бои. Со стапка на освежување од 120Hz и освежување на допир од 300Hz, ќе уживате во непречени перформанси на видео и игри. Смартфонот доаѓа и со пар стерео звучници за амбиентален звук, а за подобра забава на отворено, P50 Pro има IP68 сертификат за отпорност на прашина и вода.

Паметниот телефон има револуционерен дизајн на Dual-MatrixCamera, што го направи препознатлив уште пред почетокот на продажбите ширум светот. Уредот е достапен во две бои - CocoaGoldи GoldenBlack.

Прочитајте повеќе за P50 Pro на страната на HUAWEI.

HUAWEI P50 Pro се базира на EMUI 12 и доаѓа со сопствената продавница за апликации - AppGallery, со вграден пребарувач Petal Search, и уште побогато портфолио на глобални и локални апликации.

На македонскиот пазар, HUAWEI P50 Pro од денес е достапен во Нептун, Сетек, Техномаркет, Анхоч, и мобилните оператори Телеком и А1. Во пакетот се добива уште еден 66W Super Charge и заштитна маска за телефонот. Препорачаната цена на уредот за крајните потрошувачи е 65.999 денари, а ги добивате и безжичните слушалки Huawei FreeBuds 4i.

За Huawei Consumer Business Group

Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и се користат од страна на третина од светската популација. Поставени се 14 центри за истражување и развој во САД, Германија, Шведска, Русија, Индија и Кина. Huawei Consumer BG е една од трите деловни единици на Huawei и опфаќа паметни телефони, компјутери и таблети, уреди за носење, cloud услуги, итн. Глобалната мрежа на Huawei е изградена на речиси 30 години експертиза во телекомуникациската индустрија и е посветена на доставување на најновите технолошки достигнувања до потрошувачите ширум светот.

За повеќе информации: http://consumer.Huawei.com

ПР објава