Запознајте ги Galaxy Buds Pro: Епски звук во секое време

Совршен квалитет на звукот, интелигентна функција за поништување на бучавата и унапредена поврзаност во беспрекорен дизајн

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. најави лансирање на новите безжични слушалки Galaxy Buds Pro, најнапредните слушалки што ги произведе досега, а се одликуваат со извонреден звук, врвен квалитет на повик, интелигентно решение за активно поништување на бучавата, како и подобрена можност за поврзување со сите Samsung уреди. Новите слушалки Galaxy Buds Pro спакувани се во модерен и елегантен дизајн и се достапни во три бои - фантомска црна, сребрена и виолетова.

„Додека луѓето бараат технологија што може да им помогне да се прилагодат на новите навики и животни стилови, пазарот на безжични слушалки значително се прошири, а истовремено се зголемија и очекувањата на потрошувачите. Со Galaxy Buds Pro безжичните слушалки, им оддаваме голема почит на физички малите уреди, кои на корисниците им носат уникатно аудио искуство, правејќи ги дури и обичните секојдневни задачи епски.“, истакна TM Roh, претседател и директор на одделот за мобилни комуникации на компанијата Samsung Electronics.

Надминат квалитет на звукот и повиците

Искуството со премиум слушалки секогаш започнува од звукот. Без разлика дали на нив слушате музика додека трчате или подкаст на патот кон работа, квалитетот на звукот е она што има најголема вредност. Galaxy Buds Pro овозможува поцелосен звук со својот 11 милиметарски вуфер со импресивна длабочина и 6,5 милиметарски звучник за побогат и поживописен звук со минимално мешање. Благодарение на овие карактеристики, Samsung корисниците можат да го доживеат најдоброто аудио искуство досега, со динамичен и урамнотежен звук. Без разлика на тоа дали корисниците сакаат да слушаат хип хоп или класична музика, со новитеGalaxy Buds Pro слушалки, искуството со омилена музика е точно такво како што го замислувале авторите.  

Бидејќи слушалките се клучна алатка во деловната комуникација, Galaxy Buds Pro влијае на квалитетот на разговорот повеќе од кога било. Овие безжични слушалки го изолираат гласот од несакани звуци од околината со три микрофони и единица за препознавање на гласот (Voice Pickup Unit), нудејќи кристално јасен звук. Имено, еден од надворешните микрофони на интелигентен начин ги елиминира сите позадински шумови, а оваа карактеристика има посебно значење за повиците што се одвиваат во отежнати временски услови. Со помош на Wind Shield технологијата, и помалку конвексен дизајн, која што протокот на воздух низ слушалките го сведува на минимум, повиците повеќе нема да може да ги прекинува ниту најсилниот ветер.  

Најинтелигентен систем за поништување на бучавата кај безжични слушалки

Искуството со Galaxy Buds Pro слушалките се базира токму на тоа да ја минимизира позадинската бучава, а да го максимизира посакуваниот звук со највисок квалитет. Токму затоа, Galaxy Buds Pro доаѓаат со најинтелигентниот систем за активно поништување на бучавата (ANC) досега кај безжичните слушалки[1]. Кога сакаме да се сконцентрираме на работата или да се изолираме од своето окружување, можно е да се намали позадинската бучава за дури 99 проценти[2]. Со Ambient Sound, интензитетот на звукот од околината може да биде поголем за 20 децибели, што овозможува да го прилагодите и персонализирате звукот според личните преференци. Оваа карактеристика е и повеќе од идеална за мултитаскери или оние кои сакаат да бидат свесни за сообраќајот и нивната околина.  

Занимливо е дека ANC системот и Ambient Sound одликите работат синхронизирано, прилагодувајќи се на околината и оптимизирајќи го корисничкото искуство. Galaxy Buds Pro слушалките лесно ќе препознаат говор и можат автоматски да отстрануваат или засилуваат позадински звуци[3], како и да ја стишат музиката за време на разговорите, дури и ако се користи Ambient Sound опцијата или додека ANC системот е исклучен.  

Беспрекорно искуство со помош на Galaxy безжичните слушалки

Новите Galaxy Buds Pro слушалки претставуваат интегрално проширување на Galaxy екосистемот. Со Buds Pro слушалките, можно е автоматско префрлување на врската од Galaxy паметниот телефон на таблетот или обратно, без потреба за рачно прилагодување[4]. На пример, ако имате повик на вашиот Galaxy S21 паметен телефон додека гледате видео на таблетот, новата опција за автоматско префрлување ќе го запре видеото и ќе ви овозможи да одговорите на повикот користејќи ги Galaxy Buds Pro слушалките. Кога повикот ќе заврши, звучната врска на слушалките самостојно се префрлува на таблетот, па видеото повторно се прикажува. Тука е и 360 Audio опцијата, која со Dolby Head TrackingTM технологијата[5] овозможува корисникот секогаш да остане на центарот на сцената додека гледа омилена содржина на своите Galaxy уреди.

Galaxy Buds Pro слушалките исто така имаат и Game Mode. Тој најдобро доаѓа до израз токму на S21 паметните телефони, кога намаленото доцнење на звукот во комбинација со моќните перформанси за уредување и неговиот импресивен екран, го издигнуваат гејмерското искуство на повисоко ниво. Исто така, откако еднаш ќе се наполнат, Galaxy Buds Pro слушалките можат да издржатбез ново полнење до осум часа. Дополнителни 20 часа на батеријата може да се добие благодарение на нивната безжична кутија за полнење. Ако посегнете по системот за активно поништување на бучавата (ANC), на располагање имате пет часа непречено уживање во омилената содржина, со уште 13 часа продолжено траење на батеријата благодарение на кутијата за полнење[6]. Одлична работа е и тоа што со само пет минути брзо полнење, слушалките можат да бидат подготвени за еден час слушање на омилената музика[7].

Нов модерен и наменски дизајн

Покрај тоа што е одличен за употреба, Galaxy Buds Pro и изгледа одлично. Инспириран од иновативниот и оригинален дизајн на Galaxy Buds Live слушалките, Galaxy Buds Pro имаат понапредни и поудобни ергономски карактеристики. Новиот дизајн на слушалките во форма на каналот го прави поприроден за увото и го прави целото искуство поудобно и пријатно за корисникот.  

Покрај тоа, Galaxy Buds Pro има IPX7 заштита од вода[8], највисок стандард за отпорност на вода досега во рамките наGalaxy Buds линијата. Со SmartThings Find опцијата, слушалките се лесни за лоцирање во случај да ги изгубите, дури и кога се надвор од Bluetooth® опсегот или ако се изгубени на место далеку од вашиот видик[9]. При креирањето на овие уникатни безжични слушалки, посебно внимание се посветува на еколошката свест, па затоа и самите слушалки воглавно се направени од одржливи и рециклирани материјали.

Достапност

За совршено да се вклопат со новите паметни телефони од Samsung Galaxy S серијата, Galaxy Buds Pro безжичните слушалки доаѓаат во три зачудувачки бои - фантомска црна, сребрена и виолетова[10]. Galaxy Buds Pro во Македонија се достапни од 15. јануари по цена од 14.099  денари.

За повеќе информации посетете ги: samsungmobilepress.comnews.samsung.com/galaxy или https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds-pro-black-sm-r190nzkaeug/.

Galaxy Buds Pro Спецификации[11]

Galaxy Buds Pro

Боја

Фантомска виолетова, фантомска црна, фантомска сребрена

Димензија и тежина

Слушалки: 19.5 x 20.5 x 20.8 mm, 6.3g

Кутија за полнење: 50 x 50.2 x 27.8 mm, 44.9g

Звучник

Двосмерен (11mm вуфер + 6.5mm твитер)

Микрофон

3 микрофони (2 надворешни + 1 внатрешен) + единица за препознавање на глас + Wind Shield технологија

ANC & Ambient Sound

ANC: Намалување на надворешната позадинска бучност до 99 проценти, 2 нивоа на подесување

Ambient Sound: Појачување до + 20 dB, 4 нивоа на подесување

Voice Detect

Капацитет на батеријата6

Слушалки: 61 mAh

Кутија за полнење: 472 mAh

Play Time6

5 часа / вкупно 18 часа (со вклучена ANC опција)

8 часа / вкупно 28 часа (со исклучена ANC опција)

Talk Time6

4 часа / вкупно 14.5 часа (со вклучена ANC опција)

5 часа / вкупно 17.5 часа (со исклучена ANC опција)

Полнење

Play time 1 час / брзо полнење од 5 7fusnota

Qi сертифицирано безжично полнење

Поврзаност

Bluetooth 5.0®

Kodek: Скалабилен, AAC, SBC

Сензор

Акцелометар, Gyro сензор, сензор за близина, Holo сензор, сензор на допир, единица за препознавање на глас (VPU)

Компактибилност[12]

Android 7.0 или понова верзија со повеќе од 1.5GB RAM меморија

Водоотпорност

IPX78

####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија, Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областите на телевизиските апарати, паметните телефони, носечките уреди, таблети и дигитални домашни апарати, мрежни и LSI системи, меморија и LED технологија. За дополнителни информации и вести, посетете ја news.samsung.com


[1] Galaxy Buds Pro слушалките можат да разликуваат бучава и човечки гласови. Привремено префрлете се на Ambient Sound и намалете ја јачината на звукот на медиумот додека зборувате, за да можете да слушате разговори без да ги отстранувате слушалките.

[2]ANC на Galaxy Buds Pro доби UL сертификација за намалување на надворешниот шум на позадината за дури 99 проценти на 118,43Hz. Карактеристиките, вклучително и ANC, се овозможени преку Bluetooth врската или апликацијата Galaxy Wearable на Android и достапни на Galaxy Store или Google Play.  

[3] Интелигентни карактеристики како што се ANC, Ambient Sound и препознавање на глас може да се постават во рамките на апликацијата Galaxy Wearable.

[4] Карактеристиката е достапна на Galaxy паметните телефони или таблети со One UI 3.1 или понова верзија, што може да се вклучи и исклучи во рамките на Bluetooth® поставките. Потребно е истата Samsung сметка да биде регистрирана на уредите. Достапноста на карактеристиките може да варира во зависност од апликацијата.  

[5] Карактеристиката е достапна наGalaxy паметните телефони или таблети со One UI 3.1 или понова верзија. Достапна е на картицата Напредно во апликацијатаGalaxy Wearable. Достапноста на оваа карактеристика може да варира според уредот и содржината. Кога слушалките се спарени со Dolby Atmos, звуците дополнително се засилуваат и постигнуваат поголема јасност, детали и длабочина.

[6] Врз основа на стандардните поставки со исклучено на Bixby гласовното будење и Voice Detect. Вистинското траење на батеријата може да варира во зависност од условите за употреба, како што се поставките на функцијата, типот на датотека за репродукција и јачината на Bluetooth® сигналот.

[7] Проценката на времето на полнење се заснова на тоа дека батеријата на слушалките е помалку од 30 проценти во почетокот на полнењето. Вистинското време на полнење може да варира во зависност од факторите како што се условите на употреба и бројот на полнења.

[8] IPX7 се базира на лабораториски услови за испитување за потопување до 1 метар во слатка вода во траење до 30 минути. Не се препорачува употреба на плажа или базен. Куќиштето за полнење не е водоотпорно. Ако слушалките се оштетени, нема гаранција дека ќе бидат водоотпорни. Потребно е да ги иссушите рацете и/или слушалките ако се влажни пред да ракувате со слушалките или да ги ставате слушалките во куќиштето за полнење.

[9] Локацијата на изгубен уред пронајден со употреба на SmartThings Find е приближно на местото каде што е откриен сигнал наизгубениот уред. SmartThings Find е достапен на Galaxy паметните телефони или таблети со Android 8 или понова верзија. Достапноста може да варира во зависност од пазарот и операторот.

[10] Достапноста на бојата може да се разликува во зависнот од пазарот.

[11] Сите функционалности, карактеристики, спецификации и други информации за производот дадени во овој документ, вклучувајќи ги придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и карактеристиките на производот може да се променат без претходна најава. Достапноста може да варира во зависност од пазарот, операторот и поврзаниот уред.

[12] Некои карактеристики можеби нема да се достапни на уредите што не се од Samsung. Достапноста може да варира во зависност од пазарот, операторот или поврзаниот уред. 

Пр објава