Заштитете го својот уред на свој начин со автоматскиот блокатор на Samsung

Автоматскиот блокатор овозможува нови нивоа на заштита на уредот заради поголема безбедност и приватност преку долгогодишната посветеност на екосистемот на Samsung Galaxy за отвореност и избор на корисникот

Samsung Electronics денес го претстави автоматскиот блокатор – нова безбедносна алатка за корисниците на Samsung Galaxy дизајнирана да ги штити уредите на начин кој најдобро одговара на нивниот животен стил.

Неодамна лансиран на One UI 6 во рамки на проширената понуда со иновации за безбедност и приватност на Samsung Galaxy, автоматскиот блокатор е изборен пакет од дополнителни безбедносни мерки, кој на корисниците им дава поголем избор во прилагодувањата, понудени од отворениот екосистем на Samsung Galaxy.

Изборот е во рацете на корисниците

„Во Samsung постојано се обидуваме да ги заштитиме нашите корисници од безбедносни напади, а со воведувањето на автоматскиот блокатор, корисниците можат да продолжат да уживаат во придобивките од нашиот отворен екосистем, знаејќи дека нивното мобилно искуство е безбедено“, рече д-р Сеунгвон Шин, извршниот потпретседател и раководител на безбедносниот тим, Mobile Experience Business во Samsung Electronics. „Секогаш настојуваме да ги поттикнеме нашите корисници сами да изберат што најдобро одговара на нивните потреби – наместо ние да одлучуваме во нивно име, а автоматскиот блокатор не е исклучок“.

Една од карактеристиките на автоматскиот блокатор е спречување на инсталирање апликации од неовластени извори[1]. Различни се предностите на свесното преземање такви апликации, како што се подоброто прилагодување кон корисникот и поголемата контрола врз функциите на уредот. За оние кои сакаат безбедно да инсталираат такви апликации нема промени, бидејќи оваа функција е фабрички поставена да биде оневозможена. За оние кои немаат навика да го прават ова, активирањето на автоматскиот блокатор може дополнително да ги смири, бидејќи го спречува социјалниот инженеринг, како што е гласовниот фишинг, каде што напаѓачот може да го измами корисникот да инсталира малициозен софтвер.

Автоматскиот блокатор има низа дополнителни контроли, вклучувајќи и проверки на безбедносни апликации[2] за да се помогне откривањето на потенцијален малициозен софтвер и спречувањето на штетни команди и софтверски инсталации преку USB-кабел. На овој начин, корисниците ќе бидат заштитени во ситуација кога некој има физички пристап до нивниот уред, како на пример, кога го полниме телефонот на аеродром.

Со оваа функција доаѓа и ажурирање на антивирусниот софтвер Message Guard, со што се намалуваат нападите со нулта кликнувања или директните пораки со слики кои кријат малициозен код. Првично воведен за апликациите за размена на пораки од Google и Samsung, сега тој може да помогне во заштитата на оние кои користат популарни апликации од трети страни[3]. На овој начин, корисниците имаат поголем избор во однос на тоа кои апликации можат безбедно да ги користат.  

Нови безбедносни стандарди за иднината на индустријата

Samsung ја поставува основата за побезбедно, посигурно мобилно искуство за корисниците на Galaxy, а автоматскиот блокатор прави уште еден чекор понапред, затоа што ги комбинира водечките безбедносни стандарди во индустријата со изборот на корисниците за тие да можат да го контролираат својот уред на свој начин. Како најнова функција додадена во спектарот од иновации за безбедност и приватност на Samsung, автоматскиот блокатор дополнително го оптимизира мобилното искуство за корисниците низ екосистемот на Galaxy.

Автоматскиот блокатор е сега достапен на уредите на Samsung Galaxy, кои се компатибилни со One UI 6.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, Wearable уредите, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com. 

*пр-објава