Затегнати фитнес Мк. дами ви ја разбиваат монотонијата во карантин
Како што одминува
времето, полека но сигурно, на сите ни здосадува изолацијата и седењето дома.
Но, во вонредна ситуација, мерките се тие и треба сите без исклучок да ги
почитуваме. И на ова нешто ќе му дојде крај.
А во меѓувреме, можете да се реласирате со забавни и фини нешта кои ги постираат македонските фитнес инструкторки. Пред се, корисни работи кои помагаат за телото да биде секогаш активно и мускулите да бидат затегнати. Овие убавици се вистински мотиваторки, имат голем број следбеници на социлалните мрежи и многумина ги практикуваат нивните совети. Вежбаат од дома, а како го прават тоа ќе видите од видеата и фотографиите кои ги имаат прикачено.
Ана Стојанова
Има свои онлајн програми, планови за исхрана, планови за вежбање, неделни обраќања на своите обожаватели на социјалните мрежи кои ги има во огромен број. Периодов е фокусирана на видео прогами и веќби кои се прават во домашна атмосвера.
Александра Наумовска
Покрај тоа што секојдневно професионално се занимава со фитнес, таа е и персонален и онлајн тренер. Изработува тренинг програми и диети, а со вежбите со кои ги учи луѓето на здрав живот, помага во многу нивни животни предизвици со кои се справуваат. Но, сериозно и недостасува теретаната...
Ивана Стаменковска
Јога инструкторката и инфлуенсерка постојано е активна. Предизвик и е во вакво време да биде во топ форма и своите вештини да ги пренесе на сите оние кои ја следат.
Наташа Петровска
За да биде вистинското лице на она што го презентира, таа постојано вежба, мотивира и обучува и други, несебично помагајќи во создавање на нивниот нов, топ затегнат изглед.
Н.Т.