Заводник се раѓа, дури и како орангутан: Многу мажи од него би можеле да научат како се „муваат“ девојки

Овој тип има манири ѝ е сериозен заводник

Орангутанот од Зоолошката градина во Тајланд е сериозен шармер и заводник.Во своите шарени шорцеви демонстрирал вистински заведувачки способности со девојка која го посетила.

Кога 26-годишната Панисара Рикулсуран седнала на лулашката покрај ова „момче“, тој не можел да ѝ одолее на нејзината убавина и морал да го покаже својот шарм.

Почнал да ја прегрнува и како вистински џентлмен и ја бакнал раката, а во еден момент и ја ставил главата во скут и почнал да ја гали по лицето.


- Орангутанот покажуваше толку многу љубов. Имав чувство дека ќе се стопам кога почна да ме гушка. Кога ме држеше, го погледнав во очи и тој беше како човечко суштество. Внатре имаше личност со душа. Тоа ме натера повеќе да се грижам за орангутаните, бидејќи тие се толку посебни – изјавила девојката.

Патем, суматранските орангутани, кои се загрозен вид, се меѓу најинтелигентните примати. Тие се способни да користат различни алатки и да ја градат својата куќа од гранки и лисја.

Со оглед на манирите на овој орангутан, можеме да кажеме дека некои мажи денес лесно може да научат нешто од него кога станува збор за додворување на девојки.

Целото видео можете да го погледнете тука.