Земјотресот во Турција: На интернет се проширија лажни фотографии

Само неколку часа по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, на интернет почнаа да кружат лажни и погрешни содржини.

Луѓето споделија фотографии и снимки од претходните катастрофи во други држави, тврдејќи дека станува збор за штета предизвикана од земјотресите во понеделникот.

Истакнавме некои од примерите кои привлекоа најголемо внимание на интернет.

Нуклеарна централа

Една објава, споделена од проверен корисник на Твитер, тврди дека покажува експлозија на нуклеарна централа по земјотресот во Турција.

Видеото има повеќе од 1,2 милиони прегледи.

На твитот пишуваше и: „Не е потврдено, дали е ова реално?

Тоа не беше приказ на експлозија на турска нуклеарна централа.

Со помош на интернет пребарувач, било утврдено дека овие сцени се појавиле на Интернет и претходно.

Тие се создадени по експлозијата во Бејрут, во август 2020 година, во која загинаа најмалку 200 луѓе.

Твитер потоа додаде белешка под објавата, истакнувајќи го потеклото на видеото.

Уривање на зграда

Во понеделникот во раните утрински часови беше објавено видео на кое се тврди дека го прикажува уривањето на зграда во Турција.

Видеото собра повеќе од милион прегледи на Твитер.

Пребарувањето на Google на клучните рамки од ова видео откри дека видеото е создадено за време на уривање на зграда во Флорида во јуни 2021 година.

Таа снимка во тоа време беше широко споделена на социјалните мрежи.

Цунами го погоди брегот

Омид Џалили, британско-ирански комичар, сподели видео на Твитер во кое вели дека се работи за цунами што го погоди брегот на Турција по земјотресот.

Видеото е прегледано речиси 300.000 пати.

На снимката се гледа како голем бран ги одзема зградите покрај плажата додека луѓето бегаат.

Повторно пребарување на снимката на интернет откри дека се работи за снимка од септември 2018 година, направена во Индонезија.

На видеото се прикажани последиците од земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди островот Сулавеси и предизвика цунами што го оштети крајбрежниот град Палу.

Откако другите корисници на Твитер укажаа на грешката, Џалили сподели уште една објава.

„Сфатив дека тоа не се вчерашни снимки од Турција.

„Го твитнав ова доцна во ноќта, во емотивна состојба и го најдов видеото од претежно сигурни извори“, рече тој.

Колапс на скеле

Во друга објава на Твитер, беше објавено видео од скеле од катна зграда како паѓа на земја.

На твитот лажно се тврди дека е предизвикан од земјотрес во Турција.

Клипот беше споделен на повеќе платформи и собра стотици илјади прегледи.

Ова видео е всушност од Јапонија и е создадено во 2016 година.

Ја објавил истиот корисник кој споделил и фотографии направени по експлозијата во Бејрут.

Фотографија на куче

По земјотресот објавена е фотографија од куче кое лежи на урнатините, а неговата шепа покрај раката излегува од бетонски плочи.

Истата беше придружена со натпис „срцепарателна фотографија на денот“.

Фотографијата досега е прегледана повеќе од 1,4 милиони пати.

Лажен твит

Пребарувањето со помош на бесплатната технологија Google Lens откри дека истата слика е на веб-страница за продажба на фотографии, со опис: „Куче се грижи за повредени луѓе во урнатините по земјотресот“.

На веб-страницата пишува дека фотографијата е направена на 18 октомври 2018 година, што докажува дека не е поврзана со земјотресот што ја погоди Турција оваа недела.