Жена ми ме изневеруваше со 26 мажи пред бракот: Вели тоа не се брои, но јас и подготвив одмазда


Како би се чувствувале кога би дознале дека партнерот ве изневерувал пред повеќе од 18 години?

Кога мажот дознал дека неговата сопруга спиела со 26 различни мажи пред бракот бил непријатно изненаден, но имајќи предвид дека сето тоа се случило додека биле на факултет, таа не мислела дека тоа е важно. Сега тој размислува за развод или одмазда со спиење со исто толку жени, пренесува Mirror.

Мажот објаснил дека тој и неговата сопруга почнале да излегуваат во средно училиште и дека уште тогаш фантазирале за брачниот живот, како ќе ги нарекуваат децата, каде ќе живеат итн. Иако студирале на различни факултети, тој се обидувал да ја гледа речиси секој викенд и мислел дека нивната врска оди во добра насока.

Двојката неодамна била на забава со заеднички пријатели и се присетувала на своите млади денови, кога една од нејизните прјателки открила голема тајна. Во објавата на Редит, анонимниот човек објасни: „Една од нејзините пријателки ми кажа како се лудувала додека била на факултет. Кога ја погледнав сопругата, нејзиното лице беше бледо. Кога одевме накај дома во автомобилот сфати дека нешто не е во ред со тоа што ја премолчив приказнатана нејзината пријателка и нејзиниот изглед“.

„Таа призна дека цело време одела во клубови за време на студиите и дека поради тоа имала неколку врски, па дури и неколку момци со кои имала само секс, но тврдела дека во тоа време била незрела, па не треба да ја обвинувам. Во тој момент се плашев дека ќе направам нешто за што ќе запалам, па веднаш излегов од куќата и преноќив во хотел“.

Во текот на целата ноќ сопругата му праќала пораки и му се јавувала

„Во текот на сето ова, таа тврдеше дека не е ништо страшно и дека работите се поинакви сега кога сме во брак. Тие не се различни за мене. Фактот што сме во брак 18 години не прави каква било разлика што ме изневерувала. Мислев дека делиме нешто посебно, дека сме први и единствени еден на друг, но сето тоа беше лага“, додал тој.

Неколку дена подоцна ја прашал со колку мажи спиела, а таа му рекла дека бројката е околу 26. По долго размислување и рекол дека сака да се смират, но дека ќе мора да спие со 26 жени.

„Од тогаш се обидува да ме предомисли, плаче дење и ноќе, ми нуди сè што сакам освен тоа, но ништо нема да ме спречи. Или ќе прифати или ќе се разведеме. И дадов до крајот на оваа недела да донесе одлука“, тврди тој.

„Нема да се натераш да се чувствуваш подобро ако имаш односи со тие жени. Или прости и пушти ја, разведи се“, „Нема потреба да се одмаздуваш така. Освен тоа, тоа беше многу одамна “, беа дел од коментарите.

Фото:freepik