Жената со најголемите вештачки гради во светот води неверојатен живот: Поради тоа што ѝ тежат по 10 кг, не може да ги прави овие работи
Иако ѝ се голем товар, таа нема намера да ги намали.
Со големина 32 Z, Германката Мајра Хилс е горда сопственичка на најголемите вештачки гради во светот. Сепак, Бешин, како што гласи нејзиното уметничко име, нема намера да застане тука. Успешно работи како модел за секси едиторијали.
Мајра е висока само 167 сантиметри, а секоја дојка поединечно тежи близу 10 килограми и двете се полни со солена течност. Пред големите операции, нејзините гради беа со големина А. Од друга страна, колку и да се гордее со своите гради, во некои ситуации тие ѝ се вистински товар. Таа истакнува дека има големи проблеми кога вози автомобил. Исто така, иако звучи комично, се соочува со тешкотии кога сака да оди во кино или треба да лета во авион.
- Моите блузи мора да бидат многу широки и да имаат навистина големи деколтеа. Исто така, морам да шијам градници бидејќи не можам да ги купам во обични продавници. Сепак, барем не морам да се грижам за панталоните и здолништата - можам да ги купам во обични продавници - вели Мајра.
Мајра секогаш носи дополнителен градник во чантата, за секој случај да не се искине тој што го носи. Таа е голем љубител на фитнесот и многу време поминува во теретана. И тогаш ѝ требаат до три спортски градници кои се носат еден преку друг.
Таа веќе не обрнува внимание на разните реакции и коментари за нејзиниот необичен изглед.
- Не можам да ги сокријам. Понекогаш слушам смеа зад мене на улица, или некој навистина зјапа, слушам и негативни зборови. Жените често ме мразат. Мажите обично остануваат без зборови или мислат дека сум порно актерка – заклучил Германката.
извор:stil.kurir