Жените дури сега добија дозвола да возат автомобили и да работат во продажба: Ѓоко Хаџиевски за животот во Арабија
Нашиот најтрофеен фудбалски тренер, поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Ѓоко Хаџиевски, веќе неколку месеци живее во Саудиска Арабија, во градот Ал Хофуф. По четири години поминати во ОАЕ, Хаџиевски вели дека има огромна разлика помеѓу Емиратите и Арабија. Хаџиевски е тренер во клубот „Хајер“ и верува во своите и во амбициите на своите помошници чија цел е клубот да влезе во првата лига на Саудиска Арабија.
Клубовите кои се учесници во таа лига добиваат по 20 милиони долари од државата годишно. Хаџиевски раскажува за жените во Арабија на кои дури сега им се дозовлува да возат автомобили, да работат во продажба и да одат на спортски натпревари, за неговиот живот во Арабија, навиките и обичаите кои ги прифаќа од своите домаќини. Како татко на три ќерки кои ги има со сопругата Тања и дедо на тројца внуци и една внука, тој иако е разделен од семејството е во тек со сите нивни важни настани, затоа што како што вели, се слушаат по неколку пати во денот.
ММ. Од Емиратите каде што живеевте долги години, работата ве однесе во Саудиска Арабија. Можете ли да го споредите со животот во Емиратите?
- Од ова лето се вратив повторно во Саудиска Арабија. Предходно бев 4 години во Саудиска Арабија и 4 години во Емирати. Во СА работев во во клубовите „Најран“ , „Таaвун“ и „Кација“ , а во Емирати, „Хата“, „Дафра“ и „Емирати клуб“.
Можам со гордост да кажам дека секаде имав добри резултати освен во „Кација“, каде не се погоди хемијата ....не заради лоша работа туку заради некои односи кои ја рушеа атмосферата во клубот. Како и да е , летово игравме пријателска средба со „Кација“, кај нив и можам да каам дека одлично ме пречекаа луѓето од клубот. Моите помошници беа сведоци на тоа.
Веќе 8 години работам во „Гулф заливот“ и сите нивни обичаи, навики и менталитет многу логично добро ги познавам и ги прифаќам. Разликата помеѓу Емиратите и Саудиска Арабија е голема, зошто Емиратите се отворена и најдобра туристичка атракција , Дубаи и Абу Даби се најпосетени градови во светот , додека Саудиска Арабија е затворена држава која сè уште цврсто се држи до нивните исламски традиции и обичаи . Странците кои престојуваат мора да се однесуваат во склад со нивните закони ....посебно тоа важи за жените.
ММ. Каквов е односот на општеството кон жените, се случуваат ли некои позначајни промени во однос на нивната слобода?
- Сепак последниве години тие закони посебно кон жените почнаа да бидат полабави. Жените добија дозволи да возат коли , да присуствуваат на спортски натпревари и да почунуваат да работаат во државните компании као и во малопродажба . Тоа е голема промена која им ја овозмози сė попопуларниот млад престолонаследник, принцот Селман . Тој е најбогат човек во светот со богатство од преку 250 милијарди долари.
*Како ве прифатија во клубот „Хајер“, како ви изгледа еден обичен ден на работното место?
- Јас тука сум со моите помошници, Филип Деспотовски, Филип Спасески и Филип Маџовски.. Тие се млади луѓе на возраст од 35 до 38 години , другари меѓу себе , одлично соработуваат со мене , амбициозни се и имаат добра иднина во фудбалот како тренери. Сместени сме во хотел апартмани , на ист спрат , стадионот ни е 5 минути далеку , а околу нас голем број на ресторани и супер маркети.
ММ. Раскажете ни нешто повеќе за градот во кој живеете.
- Градот во кој живееме, Ал Хофуф е голем околу 1,5 милиони жители и се наоѓа многу блиску до границите на Катар, 200 километри , Бахреин 200 километри, и Емирати 250 километри , полн со зеленила.Има најмногу паркови и посебно палми, во цела Саудиска Арабија.
Воедно тука околу нашиот хотел се наоѓа еден ог најголемите студентски академии во Арабија. Околу 100. 000 студенти живеат во супер луксузни услови, еден цел град , затворен ..Посебно машки, посебно женски дел. Тоа е навистина голема атракција внатре , изгледа како БеверлиХилс.
ММ. Што му предвидувате на вашиот клуб за оваа сезона?
- Нашите амбиции во клубот се да влеземе во првата лига на Саудиска Арабија во која работев 3 години порано . Клубовите кои се учесници во таа лига добиваат по 20 милиони долари од државата годишно. По 100 000 000 Саудиски рајали , затоа и борбата да се влезе таму е голема.
Нашата лига брои 20 клубови. Повеќе од 10 клубови се поранешни прволигаши (мојот клуб Хајер на двапати по две години играсе во прва лига ) и многу е неизвесно и тешко да се игра во оваа лига, зошто секој секого може лесно да го победи. Секој клуб има право да ангажира по 5 странци и тоа доста афирмирани, посебно Бразилци и Африканци . Европјани има малку , најмногу заради причината што тука се игра 8 месеци на температури меѓу 30 и 40 степени .
Почнавме променливо да игаме на стартот од првенството, новите играчи ни дојдоа после завршување на подготовките, причината беа визите кои тешко се добиваа, посебно за Бразилците кои се наоѓаа во црвената зона од Ковид 19 .
Сега малку се стабилизиравме и се надевам на подобри резултати во продолжението од првенството . Игравме 7 кола , имаме две победи две загубени и три нерешени резултати .
Разликата помеѓу сите клубови е многу мала така што две врзани победи мозат да те искачат на врвот на табелата . Останува уште 31 коло до крајот на првенството. Трите први места влегуваат во прва лига , а петте последни испаѓаат во трета лига.
ММ. Поради работатата често го менувате местото на живеење, а вашето семејство е во Скопје. Се случило ли да ви е доста од таков начин на живеење и да си речете- уште овој ангажман и толку?
- Секако дека најтешкото во целиот наш престој тука ни претставува одвоеноста од семејствата. Секој ден по неколку пати сме на телефони и преку видео контакти се гледаме и се поддржуваме со најмилите, посебно со децата . Се надевам до пред Нова Година ќе почнуваат да доаѓаат да нè посетат тука. Ние имаме календар на натпревари, без пауза до 31 мај 2022.
Ги следиме сите случувања во нашата Македонија, деновиве се актуелни изборите за греадоначалници , притисокот врз Бугарија да го тргне ембаргото за прием на Македонија во ЕУ и борбата за сė поголем број на вакцинирани луѓе и стабилизација на пандемијата.
ММ. Колку вашиот внук Георг кој е успешен млад фудбалер ги слуша вашите совети и критики со оглед на тоа дека младите на негова возраст не сакаат да слушаат туѓи мислења?
- Гео е на пат да направи трансфер во странство , во познат клуб , уште малку треба да направи 18 години (на 12 јануари следната година) за да се здобие со право да потпише договор надвор од Македонија , посебно во Е У.
Многу е талентиран и амбициозен, и неговите тестови каде го очекуваат се оценети со одлична оцена. Нека биде здрав и жив. Целата наша фамилија силно го поддржува.
Милица Џаровска
Фото: Приватна архива