Жените не се разболуваат, мажите се на удар на коронавирусот
Српскиот детски пулмонолог и алерголог Д-р Бранимир Несторовиќ рече дека од коронавирусот еден од шест лица се разболел, додека процентот на грип е многу поголем, а имало ретки случаи на деца кои страдаат од овој вирус.
"Децата немаат скоро никакви заболувања. Имаше еден случај во Виетнам, бебе од три месеци, и уште неколку случаи. Ја разгледав здравствената статистика и во Кина. Сè уште нема смртни случаи под 60 години... Две работи се интересни, нема наведено националност на овие луѓе.
Според него, на удар се старите лица со сериозни хронични заболувања, а на прашањето дали е точно дека жените не припаѓаат на критичната група, д-р Несторовиќ одговара: Жените обично не се разболуваат, а смртноста е мала. Мажите се критичната група“.
Д-р Несторовиќ, исто така, рече дека секоја теорија за тоа како се шири вирусот не може да се потврди со сигурност, особено заради специфичната состојба со ширењето на вирусот во Италија.
"Италијанската епидемија е чудна - тешко е да се има теорија без тоа да биде теорија на заговор. Изгледа дека вирусот потекнува од болницата. Секој што почина во Италија, сите беа постари лица... Тоа е многу интересно. сите се мажи. Главно умираат средовечни, постари мажи “, рече тој.