Жените откриваат: Како треба да изгледа совршен маж?

Истражувањето направено во Русија ни даде увид во тоа што жените бараат кај мажот ...

Мажите постојано се обидуваат да го најдат одговорот, што сакаат жените и што бараат од нив. Затоа се обидуваат да ги менуваат своите фризури честопати, да го освежат својот стил и да ги менуваат парфемите што ги носат со цел да привлечат поубави жени, но факт е дека овие не се главните работи на кои треба да обратите внимание.

Русинките решија да признаат што е тоа што им се допаѓа најмногу кај мажите, а ние ќе го споделиме со вас. Иако имаше многу одговори, 5 карактеристики се покажаа како најважни во женските очи.

1. Висина

Според Русинките, високите мажи добиваат повеќе погледи и поени за изгледот. Тие едноставно изгледаат позрели, помоќни и попривлечни.

2. Уредност

Мажот не треба да биде неуреден и запоставен, туку секогаш негуван, елегантен и привлечен.

3. Модни трендови

Жените сакаат кога мажите ги следат трендовите и кога изгледаат модерно и свежо. Ако некој носи работи што се стари 20 години, тогаш тоа веднаш паѓа во очите на жените.

4. Карактеристики на лицето

Мажот мора да има убаво и асиметрично лице. Иако не е сè во убавината, тоа е многу важено за привлечност и сексуалната енергија.

5. Изглед на телото

Мажот не мора да биде извајаниот Давид, но тој не смее да биде запоставен и дебел. Мора да има машка фигура, широки рамена и силен грб.