Женските репрезентации до 17 и до 19 години ги добија противниците за следниот циклус УЕФА натпреварувања

На извлекувањето во седиштето на УЕФА Македонските репрезентации за жени до 17 и до 19 години ги добија противниците за есенскиот дел од следната натпреварувачка сезона.

Женската репрезентација до 19 години е во група 6 заедно со Белорусија и Грузија. Натпреварите ќе се одиграат во периодот од 4ти до 10ти октомври, 2022 г. на мини турнир на кој домаќин ќе биде Грузија.

Репрезентацијата за жени до 17 години е во групата 2 каде противници ќе и бидат Албанија, Косово и Молдавија, а натпреварите ќе се одиграат од 17ти до 24ти октомври, 2022 година на мини турнир во Албанија.

Двете Македонски младински женски селекции следната сезона ќе настапуваат во Лига Б и преку успешни настапи ќе се надеваат на промоција во Лига А.