Спорт // Спорт
Живко Мукаетов: РК Алкалоид ги исполни сите барања на надлежните авторитети
- 26 Мај, 2025 13:13
„Oгромно БЛАГОДАРАМ од срце на сите кои дојдовте во СЦ Борис Трајковски да го бодрите РК Алкалоид кон историскиот успех
Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување, целосно. И клубот и прекрасната публика синоќа.
РК Алкалоид ги исполни сите барања на надлежните авторитети во поглед на сите организациски аспекти од синоќешниот настан, кој требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси.
Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ“