Живот за филм: Од логор до клиничка смрт, поминал сѐ низ своите 93 години
Власта, еден од најдобрите српски актери, има возбудлив, но и тажен живот по кој може да се напише сценарио за филм, со оглед на тоа што се нашол во најкомплексните животни ситуации.
Српскиот актер
бил притворен во нацистички логор, преживеал тешка болест, како и клиничка
смрт.
Власта за време на почетокот на Втората светска живеел со својата фамилија во Белград. Во тоа време владеело огромен глад, па тој со другарите крадел јаболки кои Германците им ги праќале на своите војници на Источниот фронт. Кога го фатиле Германците, во 1943 година, на само 17 годишна возраст го пратиле во нацистички логор.
„Се спасив затоа што бев млад и здрав, па наместо да ме пратат во гасна комора, нацистите ме користеа како работна сила во фабриката за гранати и оружје во Дортмунд. Еден од мајсторите во таа фабрика ме зеде за свој помошник. Ми даде германска пропусница, која откако побегнав од логорот, после тоа ми помогна преку Минхен послесно да стигнам до Загреб, па Земун и Белград“ – раскажа Власта во едно интервју.
Во 1948 година, без проблеми се запиша на Академијата за драмски уметности во Белград, а во трета година при студирањето, тој беше уапсен и притворен во затвор цели три години.
„Нема да ја заборавам познатата келија 17а. Тоа беше најбизарниот затвор со сите средства за мачење на луѓето, а едно од нив беше и оваа келија. Мала, ниска, да не можеш ниту да се исправиш. Ја делев келијата со уште едно воено лице“ – раскажуваше Власта.
Додека тој ја одлежувал затворската казна, жена му била жртва на притисок да се откаже од него, па била принудена да се премажи и заминала да живее во Америка.
„На мојата жена и вршеа притисок за да се одрече од мене. И таа го направи тоа. Но, ме чекаше мислејќи дека ќе ја разберам и ќе продолжиме таму каде што сме застанале. Како да продолжиме така? Тоа е невозможно. Не сакав да и простам“ – изјави Власта.
Инаку, Властимир се женел трипати, а често се смее дека третиот брак му е „најсладок“ и дека жена му е таа која го „држи“ бракот.
Пред неколку години, онколог му дијагностицираше тешка болест, а откако го одби зрачењето и побара друго мислење, се испостави дека неговата состојба е подобра.