Златан Ибрахимовиќ го покри лицето со рацете и заплака: Еве зошто (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ по пет години се врати во фудбалската репрезентација на Шведска

Колку на Златан му значи враќањето во националниот тим покажа на првата конференција за медиумите.

На новинарско прашање за тоа како семејството ја примило веста за враќање во националниот тим, Златан не успеа да ги задржи своите емоции.

- Постојано сте заклучени во „балон“, што значи дека не можете да видите ниту еден член на семејството - објасни Ибрахимовиќ и го покри лицето со рацете за да не му се видат солзите.

И Златан заплака.


Ибрахимовиќ првата утакмица ќе ја игра против Грузија на 25 март, три дена подоцна ќе игра против Косово, а на 31 март Шведска игра против Естонија.


Фото: Youtube/screenshoot

Видео: Youtube/Joe Space

Можеби ќе ве интересира:

Ибрахимовиќ ги изненади сите: На фестивалот Санремо се појави со песната „Јутро је“ (ВИДЕО+ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ ќелав: Фудбалерот ја скрати препознатливата долга коса (ФОТО)