Златото во пештерата Су Кујусу во Дојран и Француски коњак и злато на Галичица
Во Македонија се истражени 346 пештери и 12 јами и понори. Инаку, се претпоставува дека има над 500 пештери, распространети на територијата на 36 општини. За најдлабок објект се смета Солунска Глава, со длабочина од 450 метри. Овој објект е и најголем на Балканот, а во него има извонредни украси од зелен мраз и сталагмити високи до два метра.
Посебна е пештерата Змејовец за која според легендата на Марко Цепенков, во оваа пештера доаѓале луѓе од секаде, поради лековитата вода што се наоѓала во пештерата.
За најдолга хоризонтална пештера се смета Бела Вода, во близината на Демир Капија, со должина од 955 метри,
а за најубава се смета Слатински Извор. Со Законот за заштита на природните реткости се опфатени следниве пештери: Горна Слатинска Пештера (единствената пештера во Македонија со влез и со излез), Млечник, Убава и Пешна.Угледниот американски весник „Њујорк тајмс“ пишува дека Пештерата Пешна кај Македонски Брод е идентична со измислените волшебни пештери кои биле специјално направени за снимањето на најпопуларниот филм на магијата и волшебството - Господарот на прстените. Сепак, најпозната и најдлабока пештера во Македонија е Врело.
Се разбира, и останатите пештери фасцинираат со својата убаина, Некои имаат создадено и мали езерца, па сето тоа изгледа како на филм. Но, пештерите од дамнина па до денес претставуваат места за кои се вели дека кријат закопани богатства, најмогу злато! И не е новост дивите копачи да ги бараат тие богатства... И во други предели во Македонија има преданија за големи богатства закопани длабоко под површината...Засега никој не открива дали нашол нешто...
Има една интересна пештера, мала, со име како да звучи на кинески и се вика Су Kујусу.
*Фото: ИгеографијаСе наоѓа над селото Севендекли во општина Дојран. Теренот велат дека скоро и да не е пристапен до неа, ама сепак упорните стигнуваат. Не е спектакуларна како пештерата Змејовец, но овде се претпоставува дека се крие големо богатство. Селата во нејзина близина се населени со етнички турско население, па златоманите веруваат дека ќе пронајдат огромна количина на златници закопани од времето на Турската империја, кои неможејќи да ги пренесат, ги закопале во или околу самата пештера. Така барем вели легендата. Регистриани се групи на трагачи, но не се знае дали пронашле нешто.
Француски коњак и злато се верува дека е се’ уште се скриени на Галичица
Во периодот од 1908 до 1918 година Македонија е во ср‘жта на интересот на големите сили и не случајно војни се водат на најинтересните географски места, посебно во Охрид и неговата околина, На потегот од Трпејца кон Свети Наум минувал македонскиот фронт, некои го викаат Солунски фронт. Тоа е периодот од Првата светска војна и судирот на две големи воени сили. Од една страна Австро - Унгарија и Германија и од друга страна Франција, Русија и Англија. На планината Галичица минувал фронтот. И денес се прераскажуваат приказни кои одат во стилот дека француските војници при повлекувањето криеле цели буриња коњак, а останатите војски закопувале и злато. Оттука на Галичица со години на ред се појавуваат диви копачи кои трагаат по златото и коњакот. Но никој јавно не кажал дека нешто и навистина пронашол. Парите кои биле собирани по бројните грабежи на населението при повлекувањето окупаторските војски, не можејќи да ги носат со себе, ги закопувале особено во црковните имоти крај езерото, сметајќи дека поради побожноста, населението нема да се осуди таму да трага, па тие еден ден ќе се вратат по него.
Фото: Википедија