Значително заштедете со овие трикови за Hisense клима уредите
Се обидувате да дознаете како да заштедите пари додека сè уште уживате во сите поволности на целосното блаженство од климатизацијата? Раширено е верувањето дека климатизацијата е скапа работа и дека треба да се откажете од уредите за климатизација бидејќи трошат многу енергија. Сепак, како што брзо надојде летниот топлотен бран, идејата за исклучување на климатизерот не изгледа како одржлива опција.
Не грижете се, со високоефикасните Hisense инвертер клима уреди и со некои неверојатни карактеристики што го оптимизираат соодносот на трошоците и ефикасноста, може да уживате во разладувањето во текот на летото, без последици во однос на вашиот буџет. Добро искористете ги паметните карактеристики на Hisense инвертер клима уредите за да си обезбедите погодна удобност во текот на целиот ден и да ја контролирате потрошувачката на енергија на Hisense клима уредот, преку делот за статистички приказ на моќноста на нашата одлична апликација ConnectLife.
Заменете го стариот клима уред
Можеби звучи непријатно, но имајте на ум дека 20 години користените клима уреди може да трошат трипати повеќе енергија во споредба со потрошувачката на еден нов инвертер клима уред (а понекогаш дури и повеќе). Напредокот во технологијата ги направи новите инвертер клима уреди многу поефикасни, што резултира со мала потрошувачка со истиот ефект на ладење.
Hisense инвертер клима уредите, на пример, работат врз база на 360° целосна DC инвертер технологија, која го користи интелигентното работење на клима уредот и ја минимизира загубата на енергија. Hisense премиум моделите го постигнуваат врвот на енергетската ефикасност со импресивен рејтинг во А+++ енергетската класа. Сепак, дури и ако вашиот буџет е ограничен, не плашете се – подостапните модели на Hisense инвертер клима уреди може да се пофалат со одлична енергетска ефикасност во А++ енергетската класа. Освен тоа, паметните функции на Hisense овозможуваат дополнителна заштеда на енергија. Со само еден параметар може да вклучите екомоничен режим на работа кој го префрла апаратот во режим за заштеда на електрична енергија, додека сè уште обезбедува оптимална удобност, а додека е ставен во режим на подготвеност (Standby), Hisense клима уредот се префрла на функционирање со екстремна заштеда на енергија, користејќи само 1 W/h наместо 5 W/h, така што тоа дополнително резултира со 80% помала потрошувачка на енергија.
Почнете да го користите вашиот инвертер клима уред на поефикасен начин
Веќе многу е кажано за тоа како поефикасно да го користите вашиот клима уред за време на топлите летни денови. Но, со појавата на новата генерација на Hisense инвертер клима уреди со уште попаметни функции, ефикасноста може да се подигне на сосема ново ниво. Не само што може да одржувате оптимална температура, влажност и квалитет на воздухот во текот на целиот ден, со пониска цена на потрошувачката на енергија, со напредните функции на Hisense, клима уредот, исто така, ги следи вашите потреби во текот на денот.
Една од тие технологии е AI Smart технологија и нејзиното т.н. паметно око (Smart Eye). AI Smart технологијата, во Hisense Energy Pro Plus клима уредот, со само еден клик на далечинскиот управувач автоматски ги прилагодува температурата, протокот и влажноста на воздухот според вашите потреби за уште поголема удобност во секој дел од вашиот дом.
Не ви се допаѓа струењето на ладниот воздух од клима уредот директно насочено кон вас? Нема проблем – со избирање на режимот за заобиколување (Avoid mode), може да му кажете на Hisense клима уредот да ги избегнува луѓето при своето работење и прво да ја прекршува насоката на струењето кон празните простори.
Слатки соништа во совршена средина за спиење
Летните вечери се прилично топли и пријатно е да заспиете со вклучен климатизер, но потоа, во текот на ноќта, како што телото се лади, станува малку посвежо. Hisense инвертер клима уредите имаат стратегиски развиена функција за поставување на режим за спиење, која создава совршена средина за спиење во текот на ноќта со постепено зголемување на поставената температура за да се овозможи пријатен сон. Тоа не само што гарантира подобар одмор туку и ги намалува трошоците за потрошената енергија за климатизација до најниското можно ниво.
Со Hisense Energy Pro Plus може да изберете меѓу четирите режими на што обезбедуваат претходно утврдени шематски параметри за температурата на спиење и наменети за возрасни, постари, млади и деца.
Едноставна и сигурна работа преку безжична Wi-Fi конекција
Никој не ужива во враќањето во претопол дом по долг напорен ден или по некое патување. Затоа ја воведовме извонредната функција за безжична контрола (преку Wi-Fi конекцијаи преку апликацијата Connect Life) за Hisense клима уредите. Сега, може без напор да управувате со вашиот Hisense клима уред од секоја локација, внатре или надвор од вашиот дом, користејќи го вашиот паметен уред. Кажете ѝ збогум на потребата да ја оставите климата да работи цел ден, а кажете добре дојде на совршено разладениот дом кога тоа ќе го посакате. Искусете ја погодноста што ја обезбедува безжичната контрола на Hisense и препуштете ѝ се на удобноста што ја заслужувате.
И секако, не заборавајте да го подготвите вашиот Hisense клима уред за летото така што ќе ги проверите сите единици и ќе ги исчистите филтрите. Hisense Energy Pro Plus клима уредот има вградено функција за двојно самочистење, така што не треба да се грижите дека товарот на работата ќе падне на ваш грб. Одржувањето ќе биде лесно како детска игра.
Со користење на паметните функции на Hisense може да останете совршено разладени по промотивна ценаи со 10 годишна гаранција на компресорот со регистрација на mk.hisense.com. Акцијата важи до 31.07.2023 година.
ПР објава