Живот // Живот
Знаете ли колку чинат новите сандали со кристали на Јелена Карлеуша: Па, да речеме дека парите не се проблем за неа
Сега веќе надалеку е позната по својот стил на облекување. И инфлуенсерка и трендсетерка и пејачка... Мора да го има најновото од светските дизајнери, па скоро по секоја цена.
Јелена Карлеуша никогаш не криела колку чини облеката што ја носи.
Некогаш достигнува сума и до 20.000 евра, а некогаш се облекува во фустани и од 30 евра. Но таа знае како!
Најновите сандали што ги прикажа на Инстаграм се на Ботега Венета и чинат 1045 фунти, или 1219 евра. Целите се прекриени со кристали и се светски број 1 меѓу модните зависници.