Зошто East Gate Living е совршениот современ комплекс за домување?

Неколку причини зошто новиот комплекс во изградба е навистина визионерски проект

 Светот се менува - со него и градежната индустрија, просторното планирање како и севкупниот начин на живеење. Вистина, ги живееменовите модерни времиња за кои сонувавме.

Што значи тоа?

Најдобриот пример за иновативност во живеењето, архитектурата и следењето на сите светски трендови е несомнено, East Gate Living, популарно наречен новото зелено срце на градот”. Проектот во изградба кој се простира на над половина милион квадратни метри и чии 1600 станбени единици се веќе во продажба по исклучително поволни услови, навистина нуди многу повеќе од обично домување.

-  Зеленило, зеленило и уште зеленило: овој пионерски проекте совршено испроектиран во однос на зелените површини околу секој станбен блок, и вклучува рекордни 25.000 квадратни метри зеленило. За илустрација, 25.000 м2 е површина еквивалентна на скоро 4 фудбалски игралишта. Импресивно, нели? Плус, поставеноста на самиот комплекс е до Парк-шумата Гази Баба, која со своите 100 хектари зеленило е совршена за сите кои се посветени на здравиот, активен живот.

-  50 метри квадратни растојание меѓу згради:да бидеме искрени, колку пати сте помислиле дека ви е потребна повеќе дневна светлина и повеќе приватност во домувањето? Токму така, секојдневно. Со начинот на кој педантно е изработен East Gate Living, прецизно е обезбеден просторот потребен за нормално живеење и за нормален проток на сончева светлина, проток на воздух, проток на животна енергија воопшто. Бонус околност: никогаш повеќе нема да се грижите каде да го прошетате вашето милениче!

-  Вашиот нов East Gate Living дом е проектиран од светски наградуван архитект: проектирањето на комплексот е дело на маестрото Керем Јазган, виртуозот на турската архитектура и просторно планирање. Неговиот планетарен успех се должи на успешното комбинирање на врвни материјали, различни текстури и отворени простори. Конечно, во Скопје ќе бидеме сведоци на новиот светски начин на проектирање и живеење. Анкара Арена, Техничкиот универзитет МОДСИМ во Анкара, импресивниот Воронет Лила Хотел во Романија...се само дел од проектите на Керем Јазган, дел од двоецот во Јазган архитектонското дизајн студио.

-  Сега, сè е околу East Gate Living:Времето е клучна, најважна валута во нашите животи. Со совршената поставеност на овој зелен комплекс до East Gate Mall, поставеноста до клучните крстосници во главниот град и до самиот излез од него, навистина ги заштедувате највредните нешта на светот: сопственото време и енергија. На само чекор до сите светски брендови, до врвна светска кујна и продавници за комплетно опремување на домот, го имате сето останато време да го посветите онаму каде е најпотребно: на себе и на вашите најдраги. Ова е со сигурност една од најважните причини зошто East Gate Mall e непроценлива инвестиција за себе, и сите околу вас.

Со сите горенаведени причини, заклучокот е едноставен: најактуелниот и воедно најатрактивниот пионер во нашата држава, кога зборуваме за иновативност во живеењето, е несомнено East Gate Living.Сите овие прецизно планирани детали ве ставаат токму вас како центар на вашиот универзум: сите потреби и сите бенефити на модерното живеење на едно место.

Точно, East Gate Living е новото срце на градот, но ние без нималку задршка би додале: East Gate Living e новото срце на вашиот свет. Затоа, уживајте во новиот модерен начин на домување!  

East Gate Living е заедничка капитална инвестиција на неколку компании, и тоа: Financial Union Skopje – Unionnet – агент на Western Union во нашата држава, East Gate – дел од групацијата БАЛФИН, АК ИНвест и SMS Construction.

Групацијата БАЛФИН (Балканска финансиска инвестициска групација) е една од најзначајните и најуспешните инвестициски групи во регионот на Западен Балкан. Географски, групацијата БАЛФИН е присутна во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и во Холандија, со приближно 6 000 вработени луѓе. Активностите на групацијата БАЛФИН вклучуваат развој и управување со недвижнини, малопродажба, рударска индустрија, банкарство, туризам, енергија, логистика итн. Групацијата БАЛФИН расте стабилно и има позитивно влијание врз локалните заедници преку економски развој, раст на вработеноста и социјални инвестиции.


ПР објава