Зошто не е добро да се работи 8 часа на ден?
Да се работи 8 часа во текот на денот, не значи и дека работниците ќе бидат продуктивни.
Веќе неколку години повеќе истражувања го третираа осумчасовното работно време за кое се покажало дека, едноставно, е модел кој не функционира.
Резултатите покажале дека должината на работното време нема никаква врска со тоа колку работниците се ефикасни и продуктивни.
Работењето од 8 часа на ден има долга историја.
Кампањата е иницирана од социјалниот реформатор Роберт Овен во 1810 година во време кога фабриките работеле 24 часа, а работниците често биле ангажирани од 10 до 15 часа. Тогаш Овен го измислил слоганот „Осум часа работа, осум часа за одмор, осум часа за спиење“, а во 1926 година, повеќе од еден век подоцна, компанијата „Форд мотор“ станала првата која вовела времетраење на смените од осум часа и двојно им ги зголемила платите на вработените.
Лекарот Тревис Бредернер ја предложува следната алтернатива: идеалната врска помеѓу работата и одморот е 52 минути работа и 17 минути одмор. Тој објаснува дека луѓето што го одржувале ваквиот баланс имале завидно ниво на фокусираност на работното место.
Истражувачот на циклусите на спиење, Натаниел Клејтман, открил нешто што се вика основен циклус на одмор, според кој нашите тела функционираат со одмор од деведесет минути во текот на ноќта меѓу длабокиот и лесниот сон. Истиот циклус се случува и во текот на денот, односно нашата висока и ниска будност се менува во истиот тој период поради што ни се потребни повеќе паузи за да бидеме продуктивни.
Работното време од 8 часа денес дефинитивно важи за застарен концепт.
Во Шведска имаше експеримент со смени од шест часа во дом за стари лица. Со тоа медицинските сестри биле посреќни, имале повеќе енергија и биле попродуктивни. Штом се вратиле на работно време од 8 часа, сестрите се пожалиле на замор и исцрпеност.