Зошто професор на студенти им сварил кафе: Лекција која ќе ја паметат засекогаш!
Група поранешни студенти, сега веќе успешни бизнис луѓе, се собрала и посетила еден стар професор од факултет. Разговорот набрзо се претворил во поплаки за замор, исцрпеност, стрес на работа, во семејството и на секој животен чекор.
Професорот ги слушал со целосно внимание и сочуство.
„Ми изгледа дека ви треба шолја добро кафе“, рекол тој и се повлекол во кујната.
Се вратил со голем послужовник од кој ѕиркало кафето и цел асортиман шолји. Секоја била различна. Имало порцелански, пластички, стаклени, кристални, керамички...Некои изгледале сосема обично, трети биле застарени и напукнати...
„Послужете се“.
Кога сите поранешни студенти имале шолја во раката, професорот забележал:
„Убавите и скапоцени зачас ги земавте. На маса останаа, недопрени, грдите, обични и евтини шолји. За себе го сакате само најдоброто што воедно е и изворот на стрес. А сепак, изгледот на кафе не допринесува за вкусот.
Убавите садови (шолји) обично се само поскапи, а понекогаш го замаглуваат она што го пиеме. На сите вас всушност ви беше потребно добро кафе, а не шолја. Сепак посегнавте за најдоброто. А, тогаш продолживте да ги „меркате“ туѓите шолји.
Кога се фатите во вртологот на стресот и незадоволството, сетете се дека кафето е како животот. А работата, парите и положбата во друштвото ...како шолјата. Шолјата не го дефинира, ниту го менува квалитетот на живот кој го живееме. Понекогаш, концентрирајќи се само на шолјата , го пропуштаме уживањето во кафето.
Пијте го кафето, а не шолјата.
Најсреќните луѓе немаат се најдобро, тие го извлекуваат најдоброто од се. Живеат едноставно, говорат љубезно, сакаат велокодушно...“