Зошто Вилијам не беше на Вимблдон заедно со Кејт? Каде е принцот - хм...сите се прашуваа, а сега е јасно сѐ!
ФОТО: Инстаграм принтскрин/инстаграм стори
Иако Кејт Мидлтон ги маѓепса сите на Вимблдон, сите се прашуваа каде е принцот Вилијам и зошто не е со сопругата која е во деликатна состојба...
Принцезата Кејт Мидлтон ги воодушеви кралските фанови со своето присуство на машкото финале на Вимблдон. Сепак, многумина се запрашаа каде е принцот Вилијам и зошто не е со сопругата која е во деликатна состојба.
Принцот од Велс потврди дека денеска ќе присуствува на финалето на Европското фудбалско првенство во Берлин, каде ќе го следи натпреварот меѓу Англија и Шпанија, соопшти Кенсингтонската палата.
На принцот ќе му се придружи премиерот Сер Кир Стармер додека машкиот тим на Англија сака да ја освои својата прва титула по 58 години.
Кралските експерти истакнуваат дека присуството на Кејт на Вимблдон е „голем чекор напред“ за принцезата од Велс и дека веста за нејзиното доаѓање е „многу позитивна“ со оглед на нејзиниот третман за рак.
- Мислам дека ова е исклучително добра вест бидејќи не само што Вимблдон ќе го има највозбудливиот машки финален натпревар меѓу Ѓоковиќ и Алкараз, туку и присуството на Кетрин, принцезата од Велс, ќе биде шлаг на тортата. Сите се надеваа дека ќе биде доволно здравa за да присуствува - изјави Хју Викерс за The Sun.
Тој додаде дека публиката и гледачите ќе бидат „апсолутно воодушевени“ да ја видат принцезата од Велс, a така и беше. Кејт последен пат беше видена во јавност на Trooping the Color на 15 јуни, а покрај неа беше принцот Вилијам, кој шест месеци не беше виден во јавноста.