Звучи неверојатно, но МАЖ кој често има настинка МОРА да посети психијатар - еве ЗОШТО!
Резултатите од студијата објавена во списанието
„Емоцијација“ покажуваат дека дури 76% од испитаниците сметаат дека не станале
идеална верзија од себе,
затоа што не ги следеле нивните соништа и дека првенствено жалат за
пропуштените можности, а не за грешките.
Научниците откриле дека каењето од споменатите причини боли подолго и поинтензивно и дека на луѓето им е потешко да ги заборават ваквите ситуации од оние во кои ризикувале или направиле нешто лошо.
Обично жалиме за стабилните односи.
Пропуштените можности можат да нè поттикнат да успееме во иднина, затоа што тие не стимулираат да преземеме поголем ризик за да бидеме успешни во бизнисот или емотивно. Експертите идентификуваа два вида жалење: активно жалење, кое се заснова на нешто што се случило, и пасивно, заради она што сакавме да го направиме и не го направивме.
„Обично жалиме за она што е највредно за нас и што нè прави најсреќни, а луѓето копнеат кон стабилни односи“, рече водачот на студијата, професорот Мајк Морисон.
Мажите жалат што немаат подобро образование
Во деловните одлуки се покажа дека мажите почесто од жените жалат што немаат високо образование, затоа што тоа ќе им даде шанса да напредуваат во својата кариера.
Студијата на канадскиот универзитет Конкордија покажа дека луѓето кои интензивно размислуваат за неуспесите и кои се споредуваат со оние кои се „посреќни“ од самите себе, се со поголема веројатност да заболат од настинка и се поподложни на болести. Емоционалниот стрес поврзан со тагата може да предизвика нерамнотежа на хормоните и имунолошкиот систем.
Заклучокот на студијата е дека оние на кои им е тешко да се помират со настани од минатото, мора да ги поправат своите грешки доколку имаат можност да го сторат тоа, или да научат да ја прифатат постојната состојба за да не го загрозат нивното здравје.