Рибар за влакно избега смрт: Опасна риба скокна од водата додека ловеше и за малку ќе го усмртеше, видеото собра 20 милиони прегледи

Дека сме сведоци на неверојатни ситуации во кои секој ден за влакно се избегнува несреќа, покажува и видеото снимено во Мексиканскиот залив, на кое еден рибар за влакно ја избегнал смртта.

Имено, на видеото кое е прегледано над 20 милиони пати на социјалните мрежи, може да се види како рибар со сите сили се бори да фати син марлин на Атлантикот, риба која личи на сабјарка, но што се случило минута подоцна никој тоа не го очекувал.

Во еден момент рибата наеднаш „скокнала“ на чамецот и за малку ќе го прободела рибарот во вратот. Сепак, драмата не завршува тука. Откако влетала во чамецот, таа се обидувала да се спаси и речиси го пресекла рибарот под пазувите. Иако рибарот молел за помош, за среќа никој не е повреден.

Овој вид риба живее во морето, далеку од рудниците и се храни со морски организми.

Фото:
Извор: Кurir.rs