Февруарски ХОРОСКОП: Дали на крајот од тунелот се наѕира надеж?

ОВЕН

Мислите ви шетаат на многу страни. Никако да најдете соодветно решение за дел од вашите проблеми. Можеби не треба да гледате толку далеку! Решението е многу блиску- некаде помеѓу оние што секојдневно ве опкружуваат. Направете добра проценка кој би можел да биде? Нема да ви биде лесно, но вреди да се обидете.

БИК

По неколку бурни недели исполнети со радост, смеа, авантури... следува еден мирен период кога ќе ги сумирате впечатците и ќе направите нова стратегија за следните недели. Подобро би било да го пуштите мозокот да се одмори. И вам ви треба одмор. Обидете се да отпатувате некаде. Еден прекрасен викенд во природа е доволен.

БЛИЗНАЦИ

Ако изминатиот период ве потиснуваа проблеми и несвојствени ситуации за вас, деновите што следуваат ќе ви бидат исполнети со многу љубов. На пат сте да запознаете една личност која ненадејно ќе се појави во вашиот живот. Бидете претпазливи во вашите проценки и намери.

РАК

Бидете искрени кон луѓето кои се фер со вас. Сте заборавиле дека искреноста е еден од најбитните сегменти во живот. Затоа направете реални проценки и кажете ја вистината во вистински момент на оној на кому му е најмногу потребна. На работното поле се тече како што треба. Вашите идеи и планови се со радост прифатени.

ЛАВ

Во постојана потрага по романтика, конечно ќе наидете на романтична личност. Уверете се дали таа ќе биде тоа што навистина го посакувате. Периодот што следи ве очекува зголемена креативна активност и можност за реализирање на повеќе полиња. Дружете се повеќе и стекнувајте нови контакти.

ДЕВИЦА

Имате чувство дека личноста која ја симпатизирате не ви посветува доволно внимание. Преиспитајте се себе си зошто тоа е така? Веројатно, по подолго трагање, одговорот ќе го најдете во вашиот непрекинат апетит за работа која ако не ја оставите барем за момент може многу да ви наштети во вашиот емотивен живот.

ВАГА

Ве мачат некои нерешени работи од минатото. Потребен ви е оптимизам. Се прашувате каде да го најдете? Па во сите убави работи околу себе кои не ги ни приметувате, а се од суштинско значење за вашето расположение. Направите баланс помеѓу хармонијата и животот.

ШКОРПИЈА

Ви претстои убав период. Ќе имате можност да ги реализирате вашите планови и замислени идеи. Ќе добиете помош на професионален план од личност од која најмалку го очекувате тоа. Ќе зајакнете во финансиска смисла. Љубовта нема да ве одмине и ќе уживате во неа и тоа во секој миг!

СТРЕЛЕЦ

Уживате во вашето спокојството! На работното место се случуваат некои големи турболенции, исто така е и во љубовта, а длабоко во вас ви е неописливо мирно. Но, потрудете се да ги усогласите работите и да размислите за нивната вистинска суштина. Можеби од вас зависи поставеноста на нештата кои ви се случуваат, а вие сте сепак мирни...

ЈАРЕЦ

Периодот што следи ќе биде исполнет со многу убави нешта кои ќе ви донесат голема радост. Од вас се бара добро да знаете да ги процените работите во кои се впуштате и да направите стратегија за сето она што сакате да го постигнете. Успехот ќе ви биде загарантиран, но преку лубовта на личност која ве сака.

ВОДОЛИЈА

Имавте многу тешки финансиски проблеми. Можеби треба да размислите малку за вашата иднина! Неконтролирано трошење секако дека не се вклопува во успешна иднина! Затоа треба да внимавате каде и за што ги давате парите. Направете долгорочна стратегија на вашите финансии и раководете се по неа.

РИБИ

Во постојана борба со животот вие секогаш излегувате како победници! Имате невиден оптимизам, силна желба и волја за совладување на препреките. Тоа секако дека е добро. Но, некогаш обидете се да не си го комплицирате премногу животот сами и пуштете ги работите да си течат по својот замислен тек, а не вие како што сакате.