ВТОР ОБИД ЗА ПРОДАЖБА НА СТАНОВИТЕ НА ГРУЕВСКИ НА ВОДНО - цените се намалени
Становите на Водно, кои Обвинителството ги третираше како скриен имот на поранешниот избеган премиер Никола Груевски, а кои беа одземени со пресудата за случајот „Плацеви на Водно“, повторно се огласени за продажба.
Огласот го објави Агенцијата за продажба на одземен имот, а првиот обид да се продадат овие станови заврши неуспешно.
- Продажбата на конфискуваниот имот ќе се изврши со јавно наддавање по електронски пат, со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда – Бирото за процени бр.CB/EL V 2/24-20 од 20.01.2025 година, намалена за ¼ согласно член 48 став (2) од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка - информираат од Агеницијата за управување со одземен имот.
Станува збор за три стана на Водно, со вкупна површина од 750 квадратни метри. Првично становите беа проценети на вкупна вредност 2,4 милиони евра, а сега нивната цена се намали на 1.843.000 евра.
Детали на Фактор тука.