Хотел Манастир, Берово-чувар на вашето здравје за време на КОВИД 19

Хотел Манастир, Берово, често спомнуван како чувар на македонската традиција, деновиве актуелен и како чувар на здравјето на македонските туристи, односно како прв македонски хотел во кој целосно се имплементирани мерките и протоколите за заштита и превенција од КОВИД-19 и тоа по начелата на Европската Комисија, документ со европско знаменце, кој деновиве очекуваме да биде одобрен од Комисијата за заразни болести и да биде усвоен од Владата.

Спроведени се сите протоколи кои се потребни да се минимизира веројатноста за пренесување на КОВИД -19, но воведени се и точни процедури во ситуација на појава на случај суспектен или заболен со ковид- 19, според детален и сеопфатен акционен план,кој се осврнува на: обука и управување со персоналот, информирање на гостите, известување на гостите и означување на и објектите, соработка со релеванти институции....

Хотел Манастир, Берово кој и досега работеше по сериозни стандарди и се одликуваше со високи 9.7 за хигиена и услуга на меродавната платформа за туризам booking.com, е подготвен и во вакво специфично време да биде пример за високи стандарди и пример за македонскиот туризам и угостителство.