Јас не ја викав Светлана, туку мамо: Вељко Ражнатовиќ за Цеца - „Таа е баба, без разлика дали тоа и сѐ допаѓа или не“
Вељко Ражнатовиќ откри што мисли за тоа што неговите синови ја нарекуваат Светлана Ражнатовиќ „Цеца“, а не баба.
Вељко Ражнатовиќ, синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, откри детали од приватниот живот, откри што мисли за зетот Немања Гудељ и сестрата Анастасија, но и што мисли за тоа што пејачката ги замолува внуците да и се обраќаатсо „Цеца“ а не баба.
Вељко откри
дека не се согласува со таа одлука, бидејќи Цеца „без разлика што мислела“ е нивна
баба.
„Не е во ред што ја
викаат Цеца. Постариот Жељко така и вика, тоа не е во ред“, изјавил Вељко, а на коментарот на водителката дека пејачката е „млада по дух и дека така сака“, тој одговори:
„Да, но таа е баба на тоа дете. Неможе да ја вика „Цецо“, исто како што нема да ме вика „Вељко“. Така може додека се мали, нокога ќе бидат малку повозрасни, нема да биде така, сакало или не“, рекол боксерот и додал:
„Мора да ја викаат баба. Затоа што тоа е циклус од животот, Боже... И јас не ја викав Светлана, туку и викав мамо“.
Фото: Инстаграм
Извор: Mondo.rs