Цел свет им се смее на Балканците затоа што јадат салата со ракијата: За жестоки пијалоци потребна е сосема поинаква храна

На Балканот постои една речиси „света“ навика – ракијата секогаш се служи со салата. Без разлика дали станува збор за шопска, зелка или кисели краставички, првата чашка ракија традиционално се „гаси“ со нешто лесно и освежувачко. 

Но, според нутриционистите, токму тоа е една од најпогрешните комбинации на трпезата.

Првичната идеја за јадење салата со ракија имала сосема поинаква логика. Во минатото, кога зеленчукот често не бил добро измиен, ракијата се користела како средство за дезинфекција и уништување на потенцијални паразити. 

Со други зборови – доволна била една чашка за „чистење“, не цела чинија салата. Денес, кога хигиената на храната е далеку повисока, овој обичај ја изгубил својата првобитна цел, но навиката останала.

Експертите нагласуваат дека ракијата, како алкохол, брзо го согорува шеќерот и предизвикува нагло трошење на калории. Затоа таа не треба да се комбинира со лесна и свежа храна, туку со мрсни јадења – како сирење, сланина, колбаси или месо.

 Ваквите комбинации не само што помагаат да се надоместат изгубените калории, туку и го поттикнуваат варењето и ја збогатуваат пробиотската флора во желудникот.

Накратко, салатата може да ја оставиме за виното или пивото, а ракијата – да ја вратиме на нејзиното вистинско место, покрај мрсното мезе. Така не само што ќе го почитуваме духот на традицијата, туку и ќе му направиме услуга на сопствениот организам.

Freepik