Проверете дали и колку сте параноични
Иако многумина не сакаат да си признаат, затоа што би ги оквалификувало како слаби личности, во голем дел од ситуациите кога станува збор за односот со други луѓе — тие се параноични и несигурни во себе и во своите постапки.
Најчестите причини за параноја се можната загуба на работа, раскинување со саканата личност или чувството дека не сте добредојдени во вашето друштво. Еден од најраспространетите проблеми на современото општество – паранојата, не може лесно да се искорени, бидејќи секојдневните стресни ситуации ја поттикнуваат и ја прават поприсутна во животите на луѓето.
Можеби и нема да ве изненади податокот дека според голем број истражувања на оваа тема, жените се многу подложни на параноја отколку мажите. Причината лежи во тоа што жените многу почесто ги преиспитуваат своите и туѓите постапки, одново и одново, барајќи го оној мал „црв на сомнежот“ и цврсто држејќи се за него штом еднаш ќе го најдат — било тој реален или не.
Многу од нив и не знаат дека се параноични, туку своето однесување го сметаат за сосема нормално, па дури и за мерка на претпазливост.
Што всушност е параноја? Како да знаете дали сте параноични и колку?
Според дефиницијата, паранојата претставува прекумерен страв кој се појавува кај поединецот во односите со другите луѓе, најчесто поттикнат од идејата дека тие би можеле да му наштетат. Во споредба со другите проблеми кои сè поизразено ги погодуваат младите во модерното време, паранојата е тесно поврзана со депресијата — која се смета за најголем непријател на современиот свет.
Важно е да знаете дека во повеќето случаи паранојата е минлива и исчезнува онолку брзо колку што личноста ќе созрее и ќе сфати дека се плашела од работи кои не постоеле. Изградената самодоверба и самоспознавање се клучни фактори за надминување на паранојата. Бидејќи најчесто се јавува во тинејџерските години и трае до раните триесетти, доколку имате добар потпор во животот и некој што ќе ве насочи на вистинскиот пат, многу полесно ќе се ослободите од овој мачен проблем.
Повеќе од 40% од параноичните лица цврсто веруваат дека другите зборуваат лошо за нив зад нивниот грб — иако немаат ниту еден доказ за тоа. Прашањето е дали ова верување се јавува затоа што и самите тоа го прават, па знаат што да очекуваат, или едноставно се несигурни.
На врвот на параноичната листа се и стравот дека некој ве набљудува или следи, како и чувството дека секој сака да биде како вас, па дури и ви завидува на успехот.
Извор: muskimagazin.rs / Freepik