Од коронавирус почина познатиот Диџеј Ицко: Колегите и пријателите во неизмерна тага
Колегите и пријатели на Диџеј Ицко од „Антена 5 Македонија“ сабајлево почнаа да објавуваат фотографии и пораки со кои се простуваат од диџејот и љубител на музиката кој имаше 48 години. Подолго време боледувал од Ковид-19.
Диџеј Ицко на клупската сцена во Македонија ѝ е познат веќе повеќе 15 години. Прогресивната музика е основен елемент на неговите миксови во комбинација со електро и вокални елементи кои прават интересна фузија и вистинско задоволство на „хаус“ музика.
Веќе 10 години беше дел од најголемата радио станица во Македонија. Се смета за легенда одговорна во најголем дел од развојот на електронската сцена во Македонија на највисоко ниво, а неговите емисии на радио се добро познати и надвор од Македонија.
Покрај диџејството, тој беше и фамилијарен човек, сопруг и татко на две деца.
Ќе фалат неговите забави, миксови.. нека почива во мир!