Од утре започнува продажбата на билети за Македонија - Италија
Во среда, 30. август, ќе започне продажбата на билети за натпреварот на Македонија - Италија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024.
Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 500 денари.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија - Италија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.
МАКЕДОНИЈА - ИТАЛИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 09. септември, 20:45 часот)
Северна трибина
Блок 13 и 19 300 денари
Блок 14, 18, 20 и 24 500 денари
Јужна трибина
Блок 1 и 6 300 денари
Блок 2, 3, 4 и 5 500 денари
Западна трибина
Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 300 денари
Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 7, 8. и 9. септември од 10:00 до 18:00 часот.
Продажни места:
Скопје:
• ЛитератураМК - City Mall
• ЛитератураМК - East Gate
• ЛитератураМК - Веро Центар
• Литература - ТЦ Буњаковец
• Литература МК - ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел - ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол - Илинденска
• Макпетрол - Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• Литерара МК
• Tobacco Brothers
Струмица:
• Литература МК
• ТА Сафари
Радовиш:
• ТА Халкидики