„Осмо светско чудо“- Храм на Алпите, три ката под земја
Федерацијата на заедниците кои го почитуваат нивниот устав, култура, уметност, музика, имаат своја валута, но и свој универзитет.
Оваа заедница се состои од околу 600 жители кои ги избрале подножјето на Алпите во Италија, помеѓу Торино и Аоста-Даманхур, за нивно совршено место за живеење. Повеќејазичкото општество што живее тука е отворено за размена со светот и културата на различни нации.
Даманхур е самоодржлива еко-заедница која се стреми да создаде сè што им треба на начинот на кој порано сето тоа се правело.
Самиот комплекс се наоѓа во срцето на планината, на три ката под земја и е ископан со рачни алати. Постојат огромни сали во кои има мозаици, витраж, скулптури и слики.
Даманхур го основал Оберто Аирауди, подоцна Фалко Тарасака, во 1975 година, а неговата идеја за заедница на солидарност, споделување, взаемна љубов и почитување на околината се чува во тајност првите 15 години, а денес е место кое го посетуваат луѓе од целиот свет, каде се одржуваат семинари, обуки, предавања и е призната од страна на Обединетите нации.
Даманхур го привлекува вниманието на самите туристи, кои се фрапирани од подземната уметничка и архитектонска катедрала позната како Храмови на хуманоста.
Ова место е наречено и „осмо светско чудо“, кое е посветено на будење на божествената искра за која веруваат жителите, присутна кај секое човечко суштество.
Над земјата, се произведува органска храна и добитокот се одгледува на природен начин, додека куќите се градат според принципите на зелена градба.
Жителите имаат и биомолекуларна и форензичка лабораторија, простории каде се создаваат и продаваат холистички и практични артикли. Италијанитеза оваа необична заедница тврдат дека имаат алхемиска лабораторија и некоја форма на временска машина.
Посетителите имаат можност да се сретнат со домаќините наречени Лебед банана, Октопод кафе или Кондор Сончоглед, но имињата имаат поголема смисла кога ќе сфатат дека се дадени врз основа на билки и животни со кои живеат хармонично.
Местото е претежно инспирирано од египетската митологија и култура, и иако имаат храм, кој го нарекуваат Град на светлината во вечноста, тие велат дека не се религиозна, туку филозофска заедница.