Живот // Живот
Само станот му остана: Порано Џеј заработувал пари со вреќи
По смртта на големиот балкански пејач Џеј Рамадановски, многумина го поставија прашањето дали има тестамент и што има во него.
Неговиот долгогодишен пријател Ацко Незировиќ откри за српските медиуми дека пејачот има само стан во Дорчол во Белград, а не е спомнато дека има пари во банка бидејќи според него, парите ги третирал како обична хартија.
Пред да почине, и неговата колешка, пејачката Наталија од групата Trik FX во една емисија кажа дека Џеј порано со вреќи носел пари, за еден ден и по 50.000 илјади евра, но и дека поради тоа што бил добродушен и давал пари на сите, не му останало многу.
Извор: Ало. рс