СЕГА ЗНАЕМЕ КОЛКУ ЧИНИ РАЈОТ: Островот на мирот

Австралискиот остров Мејкпис (во буквален превод „Создава мир“) со децении ги интригира туристите.

Една од причините е неговиот облик- неверојатно правилно срце.

Потоа недостапноста- островот може да се изнајми, цените се прилично високи, а се до 2007 година, на туристите не им било дозволено да дојдат бидејќи Мејкпис бил во при приватна сопственост на две семејства кои не дозволувале влез на островот.

Мејкпис прв пат го привлекол вниманието на јавноста кога корисник на интернет објавил фотографија од островот од птичја перспектива. Срцеликиот остров насредина на мирнo отворено море веднаш ги освоило луѓето ширум светот. Поради тоа и спаѓа во најпрепознатливите места на светот.

Островот лежи на реката Нуса, на источниот брег на Австралија. И припаѓа на компанијата Вирџин Австралија чиј сопственик е мултимилијардерот Ричард Бренсон, а на островот можат да престојуваат само 22 лица.


Она што малкумина го знаат е дека Мејкпис претходно се викал Остров на прасињата. Тогаш неговиот сопственик, богат човек без наследник, и го оставил островот на жена по име Хана Мејкпис, која целиот свој живот тука работела. Како игра на судбината, ниту Хана немала потомство, па островот на крај и припаднал на државата, која му го дала името Мејкпис, во чест на Хана.

Срцеликиот рај е реновиран и среден во 2011 година и сега е едно од најпопуларните одморалишта за оние со „пристоен џеб“. И по 5.500 долари се плаќа за една вечер.