Новак Ѓоковиќ даде интервју и ја откри најголемата причина зошто одлучил да живее во Грција ВИДЕО ИНТЕРВЈУ

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ја започнува својата кампања за 101-та титула во кариерата во Атина, а негов прв противник е Алехандро Табиљо.

Интересно е што пред оваа средба, Новак даде обемно интервју за CNN Грција во кое, меѓу другото, се осврна и на причината зошто одлучил да живее во Грција.

- Постојат многу историски, религиозни, социјални, културни врски меѓу Грција и Србија, што е голема причина зошто сум тука. Исто така, времето и храната се неверојатни, а крајбрежјето е едно од најубавите. Ми се допаѓа начинот на живот и навистина чувствувам дека грчкиот и српскиот народ се како браќа. Тоа е најголемата причина.

- Како семејство, се обидуваме да видиме како ќе се одвива животот тука. Искуство... Тука сме нешто помалку од два месеци, но досега беше многу позитивно искуство -


ФОТО: Printscreen X