10 часа патувале до најголемата дупка во океанот: Кога нуркале, откриле волшебен свет што никој не го видел порано (ВИДЕО)
Сина дупка (Blue
Hole) во Големиот корален
гребен крај Австралија беше истражена од група нуркачи. Нурнаа во неа
и го открија магичниот свет на коралите.
Blue hole се наоѓа на 200 километри северо-источно од островот Дејфрим. Тоа е голема празнина во морското дно што е отворена кон површината. Опкружена е со острови изработени од варовник или корален материјал. Таа е формирана за време на последното ледено доба кога нивото на морето било значително пониско од денес.
Со текот на времето, додека областа не излегуваше на море, дождот и хемиските корозивните материи ја стопија варовничката почва и создадоа големи пештери. По некое време, сводот на овие пештери попушти, создавајќи такви подводни бездни. А, со постепеното затоплување по крајот на леденото доба, овие шуплини беа исполнети со вода бидејќи нивото на морето почна да се зголемува незапирливо.
„Индипендент“ наведува дека Џони Гаскел, морски биолог од Австралија, споделил фотографија на Инстаграм со која напишал:
„Сината дупка претходно ја опишаа геолозите, наведувајќи се дека можеби е дури и постара од познатата Голема сина дупка во Белизе. Ова место е еден од најмалку истражуваните делови на Големиот корален гребен. За да стигнеме до ова место, моравме да патуваме 10 часа во текот на ноќта за да нè пречека совршено време и совршена плима. И вредеше “.
Гаскел неодамна за Хафингтон пост изјави дека ја открил оваа голема подводна дупка со пребарување на мапите на Гугл. И штом еднаш забележал нешто необично, тој решил да оди таму.
Откривањето на здрави корали во Сината дупка е особено охрабрувачко затоа што Големиот корален гребен помина низ два периода на истребување во последните две години, кога зголемените температури на морето предизвикаа коралите да ги изгубат своите алги што им даваат боја. Ако температурата на морето падне на време, коралите можат да преживеат.
Фото: Викимедија/U.S. Geological Survey (USGS)
Видео: Youtube