10 најчудни сексуални рекорди- од најголемиот пенис до најмногу партнери за 24 часа

Сексот е чуден. Тоа е чудна акција каде испуштаме чудни звуци и правиме чудни фаци. Не треба да се срамиме од ништо поврзано со сексот, напротив, сексот заслужува прослава. Затоа, да видиме кои се 10-те најчудни рекорди во светот поврзани со сексот

10. Таткото со најмногу деца

Незапирливо силниот Мулај Исмаил Ибн Шариф, кралот на Мароко, помеѓу 1671 и 1727 година, имал најмалку 1014 деца. Ова го прави ривал на Џенгис Кан, кој денес има околу 16 директни живи машки потомци.

9. Мајката со најмногу деца

Г-ѓа Валентина Василиева од Русија за свое хоби го избрала породувањето. Вкупно 69, вклучувајќи 16 пара близнаци, 7 комплети тројки и 4 комплети четворки.

8. Најстариот машки порно актер

Напуштајќи ја стандардната работа на 60-годишна возраст, Шигео Токуда избра нова професија, порно актер. Сега во неговите 80-ти, тој снимил повеќе од 350 видеа, сите без знаење на неговата сопруга. Шармантно.

7. Најмалиот пенис на светот

Дали големината е важна? Истражувањата ни покажаа дека не е, само се надеваме дека сопственикот на најмалиот пенис на светот од само 0,9 см мисли исто како и ние.

6. Најголемиот пенис на светот

На другиот крај од спектарот е американскиот актер Џона Фалкон. Не само што неговата машкост од 34,9 сантиметри предизвика интерес кај авторите на порно филмовите, туку во една прилика предизвика безбедносна тревога на аеродромот во Сан Франциско. Сомнителен пакет? Оружје за масовно уништување? Останува тајна од господинот Фалкон, неговите љубовници и персоналот на аеродромот.

5. Најсилните мускули на карлицата во светот

Светските рекорди на сила не се ограничени само на мажи, има неколку жени кои се надарени на сите полиња, и нагоре и надолу. Една од нив е Татјата Кожевникова и нејзините неверојатни, челични мускули на карлицата. Во 2009 година, на 42-годишна возраст, таа го собори сопствениот рекорд со кревање тежина од 14 килограми користејќи ги само вагиналните мускули. Освен што очигледно тренира 15 години и е икона за вежби за мускулите на карлицата, се поставува прашањето зошто го прави ова?

4. Најголемите природни гради во светот

Сè на сè, може да се каже дека некои се раѓаат за да бидат големи, некои стануваат големи, а некои се одлични штом се родат. Ви ја претставуваме Ени Хокинс-Тарнер, уметничко име Норма Стиц, сопственичка на гради US 102ZZZ, што ги прави тие лубеници најголемите природни гради во светот.

3. Најголемите хируршки создадени гради на светот

Подеднакво феноменалната Макси Моундс го држи рекордот за најголеми хируршки зголемени гради, а тоа, како што потврдува Гинисовата книга на рекорди, е градник со големина 42 М.

2. Повеќе сексуални партнери за 24 часа

Големината и силата се една работа, но сексот не е ништо без издржливост. Прашајте ја само порно ѕвездата Лиза Спаркс, која за време на Светското првенство во гангбанг и Еротикон во 2004 година (да, постои) спиеше со 919 мажи за само 24 кратки часа, создавајќи несомнено магични 94 секунди по маж.

1. Најдолгиот бакнеж на светот

За вас романтичарите во душа, би било неправедно овде да не го спомнуваме најдолгиот бакнеж на светот. Таа специјална круна припаѓа на тајландската двојка Екачаи и Лаксани Тиранарат кои ги заклучија усните 58 часа, 35 минути и 58 секунди.


Извор: zadarski.slobodnadalmacija.hr