10 причини зошто треба да го посетите Бали
Од 17.000 острови кои се наоѓаат во Индонезија, Бали се уште е еден од најпопуларните дестинации.
Бали е навистина
сјајна дестинација која ќе ви озвоможи да ги видите едни од најневеројатните
пејсажи во светот, да уживате на сјајните плажи и да запознаете неверојатни
луѓе. Сите кои го посетиле ова место велат дека искуството е единствено и дека
создава зависност, бидејќи кога еднаш ќе го посетите Бали, уште веднаш ќе ја
имате желбата да дојдете пак.
Ние одлучивме да ви претставиме 10 причини поради кои мора да го посетите ова преубаво место:
1. Преубави плажи
Ова е главната причина поради која многу туристи го посетуваат Бали. Преубавите песочни плажи кои се соединуваат со тиркизното море, изгледаат како слика од скината страница на некоја бајка, така да ќе се почувствувате феноменално и магично додека сте таму.
2. Традиција и култура
На ова место може да видите фестивали и манифестации што не постојат ниту на едно друго место на светот. Исто така, ќе уживате во прекрасната музика и архитектура која ќе ве натера да се почувствувате како да живеете во друго време.
3. Спиритуалност
Жителите на Бали се многу религиозни, па скоро насекаде може да уживате во преубавите храмови и религиозната музика која ја опушта и смирува вашата душа. На овој начин ќе се зближите со жителите, а тие се секогаш отворени да ви откријат какви луѓе се навистина.
4. Сурфање
Бали е совршен за авантуристите кои сакаат акција, а особено добро ќе си поминат оние кои знаат и сакаат да сурфаат. Широките, ветровите плажи овозможуваат долготрајни и големи бранови, кои тешко ќе ги скротите, но сигурно ќе уживате.
5. Природна убавина
Преубави планински врвови, шумовити предели, егзотични животни и уште многу ве очекува на ова место, кое ќе ви покаже дека делови од рајот, сепак постојат и на нашата планета.
6. Многубројни хотели
Бидејќи е едно од најпопуларните дестинации на светот, ова место содржи огромен број различни хотели, а буквално секој ќе успее да си пронајде било какво сместување. Можете да најдете ефтини и мали сместувања, а исто така и да престојувате во луксузните хотели со 5 ѕвездички и да уживате како крал.
7. Храна
Богатото и продуктивно земјиште, овозможува токму на ова место да се одгледуваат различни и вкусни билки, кои во комбинација со месо и морки плодови создаваат неверојатно кулинарско искуство кое ќе ви ги задоволи сите сетила.
8. Уметност
На ова место нема да пронајдете уметност како ремек дела од времето на ренесансата, но секако дека ќе уживате во тоа како старите мајстори креираат облека, рачно изработениот мебел и дрвените орнаменти.
9. Шопинг
Можеби шопингот не е првата работа која ви паѓа на памет кога ќе помислите на Бали, но од овде може да си купите неверојатни сувенири, кои засекогаш ќе ве потсеќаат на духот, традицијата и уметноста на ова место. На секој чекор се наоѓаат продавници со феноменални сувенири, облека, накит и уметности, а најубавата работа од се' е тоа што ништо не е претерано скапо.
10. Луѓе
Жителите на ова место едноставно ќе ве освојат. Тие се многу дружељубиви, топли, пријатни, насмеани и секогаш сакаат да ви помогнат и да ви дадат совет за како да го поминете вашиот следен ден.