10 работи кои не сте ги знаеле за Квентин Тарантино

Некои го обожаваат, други го мразат, но сите ќе се согласат дека тој е еден од највлијателните и уникатни режисери досега...

Иако, ја започна својата кариера како актер, Тарантино влезе во режисерските води уште во 90-тите години и го воодушеви светот со неговите филмови. Денес, неговите филмови стануваат култни класици, а Квентин стана лик на поп-култура за кој сите знаат. Тој успеа да изнесе на платно доста интересни приказни, многу интересни ликови, но и крвави акции, кич ефекти и заговори што никој не ги очекува.

Иако веројатно знаете многу за неговите филмови, веројатно знаете малку за Квентин, па ајде да ги отвориме очите малку и да се запознаеме со еден од најдобрите режисери на сите времиња.

1.  Неговиот татко бил музичар и актер

Тони Тарантино, роден во Бруклин во 1952 година основал филмска продукција за подоцна да стане и пејач. Нажалост, Тони никогаш не бил присутен во животот на Квентин и никогаш не го запознал.

2.  Работел во видео клуб до својата 26та година

Квантин долги години работел во видео клуб и тој вели дека во слободното време изгледал доста филмови и тука му се јавила желбата за снимање и режисирање филмови.

3.  Неговата мајка тврди дека неговиот коефициент на интелегенција изнесува 160

Иако го напуштил школото додека бил дете, Квентин се покажа дека е интелегентен и доста начитан човек. Поради тоа неговата мајка тврди дека неговиот коефициент на интелегенција изнесува 160 и дека тој е вистински генијалец. Меѓутоа, Квентин никогаш нема направено тест за интелегенција, па така ова не е потврдено.

4.  Бил во врска со Софија Копола

5.  Обожава рокабили песни и го обожава Елвис Присли

Кралот на филмовите го обожава кралот на рокенролот и вели дека навистина жали што Елвис прерано умре и дека светот на музиката би бил многу поразличен доколку тој живеел подолго.

6.  Тарантино требал да глуми во филмот „Kil Bill:Volume 2“

Тарантино е познат по тоа што се појавува во своите филмови, иако на почетокот сакал да глуми некоја од поважните улоги, на крајот сепак се откажал од идејата.

7.  Понудено му беше да го режисра филмот „Луѓе во црно“

Иако беше заинтересиран на почетокот, Квентин подоцна одби да учевствува во правењето на овој филм.

8.  Тој тврди дека поради него е снимен Џејмс Бонд филмот „Казино Ројал“

Квентин изјави дека првиот Бонд филм со Даниел крег во главната улога е направен поради него и дека тоа било негова идеја.

9.  Бил во затвор бидејќи не ги плаѓал казните за паркинг

10.  Леонардо ДиКаприо лично побарал да биде во неговиот филм

ДиКаприо е актер кој имал огромна желба да глуми во неговите филмови и после неговата желба, Квентитн одлучи да му ја исполни желбата и да го пушти да го глуми ликот кој најмногу го мрази од сите.