12 години апстинирала: „Многу момци не ми веруваа дека навистина живеам без секс“
Кога ќе им кажев на момците ншто од секс, ме оставаа. Почнав да се прашувам: „О Боже, зошто никој не ме чека? Зарем не сум доволно добра?'. Годините минуваа, се присети Џулиет
По религиозното искуство кое го доживеала за време на патувањето во Индија, каде запознала христијанка која ја „просветлила“, Џулиет Херера (37) од Австралија си ветила дека ќе се воздржува од секс.
- Тоа се смени кога ја запознав таа жена, христијанка. Таа се молеше за мене и имав прекрасно искуство со Бога. Така започна моето религиозно патување. Решив да престанам да се дрогирам и да пијам, да се воздржувам од сексуални односи и целосно да го сменам карактерот - изјавила Џулиет, која на јавноста и стана позната по појавувањето во австралиската верзија на реалното шоу „The Bachelor“.
Таа призна дека многу момци не и верувале дека живее без секс.
-Кога ќе им кажев на момците ншто од секс, ме оставаа. Почнав да се прашувам: „О Боже, зошто никој не ме чека? Зарем не сум доволно добра?“. Годините минуваа, пет години целибат, осум години целибат, 10 години целибат – се присети таа.
Како што одминуваше времето, на ум почнало да ѝ се врти да најде момче и повторно да води љубов. Нашла момче, но се грижела дали сексот ќе биде болен по 12 години апстиненција.
- Се чувствував како да сум девица. Конечно имам дечко и сум активна, но требаше да се навикнам на секс после толку години. Сè уште се чувствувам како девојка која штотуку почнала да го прави тоа. Морав да барам часови од пријателите и да гледам содржини за возрасни за да бидам ментално подготвена да бидам гола со некого - изјавила таа.
-Ги гледав моите пријатели како снимаат како се прави тоа, движењата... па така и вежбав на подот - додала таа, а пренесува The Sun.