15% попуст на приватно здравствено осигурување од СН Осигурителен Брокер со секоја искористена услуга во СН Мото Центар

Со секоја искористена услуга во СН Мото Центарот следуваат 15% ПОПУСТ за секоја нова полиса за доброволно приватно здравствено осигурување од СН Осигурителен Брокер, кое овозможува лекување и користење на здравствени услуги во сите приватни здравствени установи во државата.

СН Мото Центарот е нова и современа станица за технички преглед во скопскиот регион, лоцирана на ул. Калош Дани број 22, Момин Поток-Карпош во Скопје. Покрај технички преглед, возачите тука можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, Цемт сертификати, Хомологација, ПТЕУ, Меѓународна возачка дозвола, Полномошно и Пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен Брокер АД Битола се нудат и сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.

Пакетот SN Eurohealth од СН Осигурителен Брокер АД Битола овозможува на најдобар начин и под најповолни услови да обезбедиме квалитетна здравствена грижа за себе и за семејството. Редовната цена на пакетот SN Eurohealth за доброволно приватно здравствено осигурување изнесува 515 денари месечно. Искористете ја акцијата и за само 438 денари месечно обезбедете пристап до сите приватни здравствени установи во државата.

Приватното здравствено осигурување нуди бројни предности:

- Пократко време на чекање во здравствените установи

- Побрзо до дијагноза

- Подобра опрема за дијагностика и медицински третман

- Подобра здравствена услуга

Со пакетот SN Eurohealth од СН Осигурителен Брокер АД Битола се опфатени:

-Специјалистички прегледи

-Основни дијагностички мерења и снимања

-Стоматолошки услуги

-Лабораториски анализи и испитувања

-Амбулантски интервенции

-Комплексни дијагностички постапки

-Трошоци за лекови - пропишани на розов рецепт над 300 денари

-Дневна болница и дневна хирургија, дијагностички и терапевтски зафати

-Болничко лекување

-Листа операции

Договорот за ваков тип на осигурување се склучува за временски период во траење од една година. Осигурувањето важи на територијата на Република Северна Македонија, при што како осигуреници може да се јават сите лица до 65 години кои се дел од ФЗОМ.

За оваа промотивна понуда клиентите можат да добијат повеќе информации на веб-страницата на СН Осигурителен Брокер: www.snbroker.mk или на телефонските броеви:075 807 225 /15 770 /  075/252-375 / 078/343-534.

Здравјето пред се!

*Пр објава