15% поврат на средства и гратис осигурување на автомобилски гуми во Мотоцентар со American Express
Сезоната на промена на вашите пневматици од летни со зимски започнува наскоро. Законската обврска кај сите возила за носење на задолжителна зимска опрема (зимски пневматици и ланци) започнува на 15-ти ноември и ќе трае се до 15-ти март наредната година.
За таа цел, Силк Роуд Банка АД Скопје во соработка со Мотоцентар започнуваат заедничка кампања, каде што со секоја направена трансакција со American Express картичка издадена од банката во продажните салони на Мотоцентар, корисниците добиваат поврат на средствата во висина од 15% од направената сметка и дополнително подарок во вид на гратис осигурување за купени нови автомобилски зимски гуми за период од 18 месеци. Осигурувањето на гумите важи за целата продажно сервисна мрежа на Мотоцентар во Скопје и целата територија на државата.
“Имајќи предвид дека се ближи почетокот на зимската сезона каде што на патиштата ширум државата и во странство е можна појава на снег, голомразица како и температури под нулата, во соработка со нашиот партнер Мотоцентар почнувајќи од 10-ти овој месец па се до крајот на годината, односно 31.12.2019 година, граѓаните кои што во Мотоцентар ќе платат со American Express картичка издадена од банката добиваат 15% поврат на средствата од износот на направената сметка и подарок дополнително бесплатно осигурување за купените зимски гуми со важност од 18 месеци од моментот на купување на гумите. Корисниците кои имаат осигурени гуми добиваат 24-ри часовна асистенција во Македонија и во Европа, како и заштита од трошоци за штети при издишана гума, кражба на гума, вандализам и механички оштетувања на гумите од предмети на патот, со исклучок на штети предизвикани при сообраќајна незгода”, се вели во заедничкото соопштение на банката и Мотоцентар.
Аплицирањето за American Express дебитна или кредитна картичка е бесплатно и се врши во експозитурите на Силк Роуд Банка АД Скопје. Подетални информации за картичките сите заинтересирани може да добијат во некоја од експозитурите на банката, на електронската адреса: cards@silkroadbank.com.mk или на телефонскиот број 02/3289-555.