15.000 посетителина овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела
Саемот на мебел 2024 година
се одржа минатата недела, од 20 до 24 март во комплексот „Борис Трајковски“и повеќе од 15.000 посетители беа дел од оваа
саемска манифестација.
Бројот на посетители покажува дека македонската јавност поддржува вакви манифестации и сака да ги искористи сите поволности што ги нуди Саемот.
Оваа година, Саем на мебел на секој посетител му овозможи поинакво саемско искуство, со голем број изложувачи, со над 70 различни брендови, а освен богата понуда имаше и одлични попусти.
Комерцијална банка АД Скопје и оваа година беше партнер на Саемот и на купувачите им обезбеди брз и едноставен начин на купување, односно на нивниот штанд ја претставија нивната поволна понуда на кредитни производи и картички, а тоа предизвика посебен интерес и задоволство кај посетителите.
Организаторите на Саем на мебел 2024 го оценуваат ова саемско издание за успешно,
затоа што 15.000 посетители имаа можност да го освежат својот дом со квалитетен и уникатен мебел и ги искористија саемските попусти.
Пр објава