20 години Кроациа Осигурување – Живот во Македонија: две децении посветеност, доверба и партнерство

Во динамичен и постојано променлив свет, малку компании успеваат да останат доследни на својата мисија, вредности и визија – и притоа континуирано да растат и напредуваат. Кроациа Осигурување – Живот, дел од водечката регионална групација Croatia osiguranje, оваа година одбележува 20 години успешно присуство на македонскиот пазар на осигурување на живот.
Овој јубилеј не е само бројка – туку доказ за долгорочна стратегија, квалитетна услуга и стабилни врски со клиентите. Тоа се две децении исполнети со визија, иновација, грижа и доверба. Од првиот потпишан договор до денес, компанијата останува посветена на создавање вредност за клиентите и општеството, со јасен фокус на современи и одржливи решенија за сигурна иднина.
Со свечен настан што се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, Кроациа Осигурување – Живот го одбележа овој значаен јубилеј. На настанот беа присутни вработени, клиенти, партнери и пријатели на компанијата, како и членови на Управата на Croatia osiguranje од Хрватска.
Во своето обраќање, Давор Томашковиќ, претседател на Управата на Croatia osiguranje, истакна:
„Успехот на нашиот тим во Северна Македонија е резултат на јасна стратегија, стручност и доверба што секојдневно ја градиме со клиентите и партнерите. Особено ме радува значајниот исчекор во дигитализацијата – инвестиравме во технологии, мобилни апликации и автоматизација за да обезбедиме брза, едноставна и сигурна услуга. Кроациа Осигурување – Живот денес не е само име, туку синоним за сигурност, професионалност и партнерство во клучните моменти од животот. Како регионален лидер, Групацијата Croatia osiguranje и понатаму ќе го поддржува тимот во Македонија, споделувајќи знаења и практики што гарантираат услуга на највисоко ниво.“
Јубилејот е повод за гордост, но и мотивација за следниот бран на иновации и развој. Бобан Томески, генерален директор на Кроациа Осигурување – Живот, нагласи:
„Позади нас се две децении на континуиран раст.Верувам дека сме прв избор на голем број клиенти затоа што никогаш не сме нуделе универзални решенија. Секој има различни потреби, различни планови, различен поглед на финансиската стабилност – и ние тоа искрено го почитуваме. Затоа секогаш се обидуваме да понудиме нешто што е по мерка – што има смисла за конкретниот клиент, што ќе му даде вистинска вредност. Верувам дека токму таа индивидуалност, таа човечка насоченост е причина повеќе за довербата која ја имаме.”
Кроациа Осигурување – Живот не е само компанија – туку партнер на заедницата. Преку бројни општествено одговорни активности, поддршка на културата, здравјето и образованието, компанијата ги живее вредностите на солидарност и интегритет.Како симбол на тие вредности, на настанот беше претставено новото заштитно лице и амбасадор на брендот – актерот Никола Ристановски. Тој, како што посочија е симбол на вредностите што ги негува компанијата: интегритет, професионалност и искрена посветеност.
Во фокусот на Кроациа Осигурување – Живот останува клиентот и неговата безбедност. Во следниот период компанијата ќе продолжи да инвестира во иновативни производи, дигитални услуги и персонализирана грижа – следејќи го развојот на потребите на современото општество.
20 години Кроациа Осигурување – Живот во Македонија – 20 години создавање доверба, стабилност и врски што траат.
ПР објава