20 ГОДИНИ ОД ПРВОТО ИН ВИТРО БЕБЕ РОДЕНО ВО ЗЕМЈАВА, ИВФ-ЦЕНТАРОТ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГО ИСПОЛНИ СОНОТ НА ИЛЈАДНИЦИ СЕМЕЈСТВА

ИВФ-центарот на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ одбележува значаен јубилеј, 20 години од раѓањето на првото дете оплодено со помош на ин витро технологија во земјава. Оттогаш до денеска, во Центарот реализирани се над 17.000 вештачки оплодувања, а стапката на успешност е на ниво на светските референтни ИВФ-центри. Специјализираниот центар е пионер во имплементација на асистираните репродуктивни техники во земјава и е составен од еминентни гинеколози-акушери, андролози и ембриолози со долгогодишно искуство од областа на асистираната репродукција. 

По повод 20-годишнината, ИВФ-центарот воведува 20% намалување на цената за ИВФ постапките (спонтан циклус и циклус со стимулација), како и бесплатни  консултации за вештачко оплодување за сите заинтересирани пациенти. Во рамки на кампањата ќе бидат спроведени и онлајнедукативни предавања од страна на тимот. 

Во ИВФ-центарот на „Аџибадем Систина“ е родено првото ин витро бебе 

Само една година по отворањето на ИВФ-центарот, во 2002 година на свет дојде малиот Ангел, првото бебе од епрувета. Со тоа „Мала Богородица – Систина“ стана пионер во воведување на најсовремените техники во асистираната репродукција. Оттогаш до сега во Центарот кој сè уште го носи името „Мала Богородица“ се остварени соништата на илјадници семејства.

„Навистина сме горди што уште од самиот почеток направивме пионерски чекори и станавме основоположници на асистираните репродуктивни технологии во земјава. Низ годините Центарот за ИВФ бележи бројни успеси, постојано зголемување на тимот, континуирано вложување во едукација и воведување нови технологии. Се позициониравме на високото место на мапата на развиени ИВФ-центри во регионот. Меѓутоа, ништо од сево ова немаше да биде постигнато без поддршката и довербата од нашите пациенти“, вели д-р Слободан Лазаревски, гинеколог акушер, основач на ИВФ-центарот на „Аџибадем Систина“

Лидери во регионот

Имплементирајќи ги последните технологии во областа на асистираната репродукција, центарот за ИВФ во „Аџибадем Систина“ е неприкосновен лидер во регионот. Тука се изведуваат сите асистирани и репродуктивни техники без ограничување на возраста за ИВФ-постапки: вонтелесно оплодување (IVF, ICSI, TESE, TESA), криопрезервација (замрзнување) јајце клетки, сперматозоиди, ембриони, ткиво од тестис и ткиво од јајчник, интраутерина инсеминација, PICSI метода, како и замрзнување – витрификација на ембриони и јајце клетки.

ИВФ-циклуси со донирани јајце клетки и сперматозоиди

Благодарение на соработката со реномирани светски банки за донација на јајце клетки и сперматозоиди, во Центарот за ИВФ успешно се изведува оплодување со донација на полови клетки. Покрај македонските пациенти, зголемен е трендот на пораст на пациенти од регионот за ваков тип оплодување. ИВФ-центарот на „Аџибадем Систина“ има склучено договор со најголемата европска банка за јајце клетки ‘Ovogene’ и активно соработува со најголемата лиценцирана банка за сперматозоиди, CRYOS од Данска, најголемата донорска база на сперматозоиди во светот.

Третман на машка неплодност

Мултидисциплинарниот тим на ИВФ-центарот нуди уникатен и тимски пристап во дијагноза и лекување на неплодноста кај мажите. Располага со тим и опрема за дијагноза на машка неплодност, како и сите видови медикаментозни и хируршки третмани во лекувањето на неплодноста кај мажите. Во центарот се спроведува револуционерната хируршка процедура Micro TESE, напредна техника која за 60% ја зголемува можноста за пронаоѓање сперматозоиди.

Почетоците на ИВФ-центарот се во рамки на тогашната Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица - Систина“ која во 2010 годинa прерасна во прва приватна клиничка болница. Предводен е од д-р Слободан Лазаревски, основачот на асистираната репродукција во земјава, кој го направи и првото успешно ин витро оплодување.