20 пеколни минути за исклесано торзо
Овој тренинг за горниот дел од телото ќе ги активира сите потребни мускулни групи: стомачни, градите, грбот, трицепс и рамената. Ако сте во трка со времето, ова е вистинската работа за вас, не ви треба време, не ви требаат реквизити и верувале или не, вашите мускули ќе ви бидат благодарни подоцна.
Пресвртницата на оваа обука, која инаку се состои од добро познати вежби (некои би рекле и основни). Оваа вежба се изведува со стоење во позиција на склек. Додека го држите телото исправено, а стомачните стегнати, подигнете ја десната рака од подот и удрете го десниот бут. Удирајте ги бутовите наизменично, но секогаш внимавајте да не се нишате премногу или колковите да ви паднат.
Од почеток до крај, овој тренинг треба да трае околу 20 минути, што е навистина малку ако сакате да имате затегнато и здраво тело.
Направете ги сите вежби по наведениот редослед, не правете пауза помеѓу вежбите. Кога ќе завршите една рунда вежби, повторете ги сите четири пати, вкупно пет круга.
Склекови; Повторувања: 20;
Преклопување на трупот; Повторувања: 20;
Пленк; Повторувања: 10 (10 потези за секоја рака)
Склопување; Повторувања: 20;
Кртки склекови; Повторувања: 20;
Велосипед; Повторувања: 20;
Фото: Профимедија