21 милион евра во недвижности, 170 милиони долари од Вимблдон: Еве колкаво е богатството на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, ако не и најдобар досега.

Во текот на кариерата освои 24 Грен слем трофеи, 38 Мастерс, 15 титули на турнирите во категоријата 500 и 13 титули во категоријата 250, вкупно 94 големи трофеи во сингл, со еден во двојки. Колку заработи од сите турнири? Но и од спонзори? 

Новак Ѓоковиќ е играчот кој заработил најмногу пари од турнир во историјата на белиот спорт. Откако дебитираше во 2003 година, таа е најголемата заработка во историјата во последните 20 години на неговата голема кариера, која трае до ден-денес.

Ѓоковиќ од турнири заработи 169.762.762 долари. На Вимблдон речиси сигурно ќе успее да ја надмине сумата од 170 милиони долари, со што се турка нова граница во однос на заработката од турнирите.

На пример, Рафаел Надал од турнири во кариерата заработил 135 милиони долари, 

Ѓоковиќ го држи и рекордот за најмногу заработени пари во една сезона.

Рекордот е 21,5 милиони долари кои ги заработи на теренот во 2015 година.

Во однос на заработката надвор од теренот, Ѓоковиќ не е толку успешен како Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Шпанецот и Швајцарецот отсекогаш биле поатрактивни на маркетиншки план, но огромна сума заработил и Новак Ѓоковиќ.

Се проценува дека Ѓоковиќ заработил околу 340 милиони долари надвор од теренот.

Заработката на Ѓоковиќ во кариерата надвор од теренот, од појавувања, настапи, лиценцирање и приходи, од сувенири, вклучително и повеќе од 20 милиони долари во изминатите 12 месеци, според проценки на Форбс (не се одземаат за даноци или такси за агенти).

Моментално, богатството на Новак Ѓоковиќ се проценува на 240 милиони долари, според официјални податоци.

Тој има 21 милион евра недвижен имот

Досега, според медиумите, Ѓоковиќ наводно инвестирал дури 21 милион евра во купување на недвижен имот.  Па така, ги вложил во становите и куќите што ги поседува во Њујорк, Мајами, Монте Карло, Кумбор, Белград и вила кај Фрушка Гора...