22.000 евра за ноќевање во луксуз каков што не постои во Европа: Како изгледа апартманот на Дејвид Бекам во Доха (ФОТО)
Една од ѕвездите кои го следат Светското првенство во Катар е познатиот фудбалер Дејвид Бекам
Мундијалот во Катар е еден од настаните кои ги следи цела планета, па многу јавни личности отпатуваа во оваа земја и привлекуваат внимание на секој чекор.
Дејвид Бекам е еден од оние кои искешираа вистинското богатство за да уживаат во оваа богата земја и да го гледаат најдобриот фудбал.
Како што пишува британскиот таблоид, ноќевање во апартманот во кој престојувал чини околу 22.000 евра. Станува збор за апартман кој се наоѓа на последниот кат од хотелот, а има огромна трпезарија, отворен двор со приватен базен и теретана. Интересно е и тоа што станот има свој личен батлер и вратар.
- На персоналот му беше мило што е тука. Го нарекуваа „господин Дејвид“ затоа што беше полн со почит, а го почитуваа и него. Останатите гости воопшто не го видеа бидејќи имаше прекрасен апартман кој е како хотел во хотел, што значи дека не мораше да оди меѓу луѓе - рекле хотелиерите.
Наводно, Бекам во тие денови имал и личен готвач, на секој начин се трудел да го избегне пресот, секогаш го користел задниот излез од хотелот, но сепак не успеал до крај.
Извор: glossy.espreso.co.rs