28 одбрани за една ноќ – подвигот на Диви кој ја шокираше Франција и никој не го повторил 18 години

Македонскиот ракометен голман Петар Ангелов – Диви останува впишан во историјата на францускиот ракомет како апсолутен рекордер по број на одбрани на еден натпревар во најсилната лига – #LiquiMolyStarLigue.

На 9 февруари 2007 година, на дуелот меѓу Пари Сен Жермен и Трембле, Диви го одигра натпреварот на животот. Со неверојатни 28 одбрани, тој беше непробоен ѕид за напаѓачите на ПСЖ, а Трембле стигна до голема победа со резултат 30-24.

Овој рекорд до ден-денес останува ненадминат и е доказ за големината и квалитетот на Ангелов, кој важи за еден од најдобрите македонски голмани во историјата. Со своите интервенции, Диви остави печат не само во Македонија, туку и во европскиот ракомет.

„Инфраншисабил“ (непремостлив), како што го нарекоа француските медиуми, Петар Ангелов останува симбол на упорност и голманска мајсторија. А токму оваа информација се рашири низ интернетот со брзина на светлината, преку официјалната страна на ракометната националната лига на Франција .

Браво Диви. Горди сме на тебе.